НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ вечерва ќе ги дефинира следните чекори околу работните групи со опозицијата

0
By Ана Василевска on June 9, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе ги додефинира наредните чекори со конкретни идеи околу работните групи со опозицијата и во брзо време ќе ги интензивира активностите, вели Бојан Маричиќ за МИА.

„. Ние имаме комуникации постојано, меѓутоа официјално ќе се обратиме до опозицијата за да го отвориме овој дијалог“, изјави Маричиќ, прашан дали се разговара со опозицијата за формирање работни групи со цел да се постигне договор околу уставните измени“.

„Ние попладнево имаме и Извршен одбор и Централен одбор, ќе ги додефинираме овие наредни чекори и ќе настапиме брзо во една интензивна акција во комуникација со опозицијата да седнеме и да не губиме време, да го искористиме овој позитивен момент и позитивна енергија која произлезе од лидерската средба и растоварени од претходните ставови“, дециден е Маричиќ.

За Маричиќ е важно што опозицијата се поместила, како што вели, од мртва точка и на некој начин го променила оној досегашен цврст став дека по ниедна цена нема да има уставни измени.

„Добро е што ја увидоа, ја согледаа потребата од консензус и од, да речам, една позиција во која што нема самите себе да се блокираме како држава и сега останува таа добра волја да ја покажат и на дело. Од Владата имаат подадена рака, премиерот и на лице место даде конкретна понуда за редоследот на чекорите“, рече Маричиќ.

Вели дека опозицијата не ја отфрлила оваа идеја и дала само некои дополнителни услови и според него за тоа вреди да се седне и да се разговара.

На прашање на МИА кога уставните амандмани би влегле во собраниска процедура, Маричиќ вели дека тоа е можно овој месец и тоа зависи од динамиката што ќе ја договорат во рамки на дијалогот со опозицијата.

Целото интервју со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со видео-материјалот ќе биде објавено утре.

избори опозиција СДСМ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.