Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите на најдобрите студенти на УКИМ

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 12, 2023 16:01

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје денеска додели награди за најдобар успех на дипломираните студенти од сите факултети во негов состав во учебната 2021/2022 година, како и наградите „26 Јули“ за најдобри студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите од  Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон.

Награди за првенци на генерација добија 23 студенти од исто толку факултети на Скопскиот универзитет: Моника Шаревска од Машинскиот факултет; Стефан Неделковски од Медицинскиот; Бојан Софрониевски од ФЕИТ; Јелена Спиревска од Филозофскиот; Андреј Стојановски од Филолошкиот факултет; Ана Гаштаровска од ФМУ; Антонио Андоновски од ПМФ; Стефан Божиновски од ФЛУ; Милена Трајаноска од ФИНКИ; Вероника Стојановска од Технолошко-металуршкиот; Ники Петрески од Шумарски факултет; Марина Главче од Економскиот; Зорана Антовска од Правниот факултет; Симона Цветковска од Земјоделскиот; Нена Гонтарева од Факултетот за физичко образование; Кристина Главче од Педагошкиот факултет; Елена Настеска од Архитектонскиот; Јована Спасиќ од ФДУ; Марко Ѓорѓиески од Градежниот факултет; Ева Ристова од Факултетот за дизајн и технологии на мебел; Христина Љокова од Стоматолошкиот факултет; Симеон Здравески од Православниот богословски факултет и Емилија Митревска од Фармацевтскиот факултет.

Наградите им се доделуваат на оние студенти кои додипломските студии ги завршиле во рокот и со просечна оценка најмалку 9.00, а врз основа на предлозите од факултетите на УКИМ. Наградата се состои во паричен износ, кој секоја година го определува ректорот во зависност од средствата со кои располага Универзитетот за оваа намена, и златник со ликот на светите Кирил и Методиј.

На свеченоста во Ректоратот на УКИМ беа доделени и наградите „26 Јули“ за академската 2021/2022. Шест студенти добија награда во износ од 15.500 денари што ги доделува Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија. Им се доделува на најдобри студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите кои во текот на студирањето имаат просечен успех од најмалку 8.00.

Наградата оваа година ја добија: Анита Иванова од Филолошкиот факултет; Ристо Савески од Филозофскиот факултет; Стефан Божиновски од ФЛУ; Марина Главче од Економскиот факултет; Зорана Антовска од Правниот и Фросина Станковска од Архитектонскиот факултет.

Наградите им ги врачи ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој истакна дека студенти наградени за најдобар успех „со својата одличност за нијанси се издвоија од нивните колеги и станаа први меѓу еднаквите по квалитет во својата генерација“.

„Денес им оддаваме признание и благодарност за нивните извонредни успеси, но и за нивниот голем интерактивен придонес во развојот и унапредувањето на дејностите на УКИМ, посебно во наставно-образовната дејност. Нашите најдобри студенти со своите успеси постигнати во текот на студиите учествуваа во дефинирањето на насоките за континуирано подигнување на квалитетот на студирањето на УКИМ како најстар, најдобар и најголем универзитет во Република Македонија, а со тоа имаа значајна улога во неговиот развој, напредокот и афирмацијата во сите области и дејности“, истакна Јанкуловски.

Во име на наградените студенти, благодарност до УКИМ искажа Андреј Стојановски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ кој рече дека радоста и задоволството за наградите се уште поголеми затоа што нивниот успех е резултат на нивните умствени и духовни напори, интелектуалната љубопитност и глад за знаење, а не на трката по признанија.

Заблагодарувајќи се на професорите, нивните факултети и Ректоратот, рече дека не само што им изразуваат чест, туку и ги поттикнуваат да вложуваат уште повеќе сили во остварувањето на нивните амбиции.

„За млади луѓе кои сега се на почетокот на своите кариери, ваквиот вид препознавање и поддршка има многу повеќе од симболична вредност“, рече Стојановски.

извор и фото: МИА

награди студенти УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.