Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стано: ЕУ воведува политички и финансиски мерки за Приштина затоа што Курти не ги елиминирал причините за кризата

0
By Соња Крамарска on June 14, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 14, 2023 14:17

Европската унија воведува негативни политички и финансиски мерки за Косово затоа што косовскиот премиер Албин Курти, и покрај постојаните повици од ЕУ, не презеде итни и решителни чекори за намалување на ескалацијата на Косово, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската комисија Петер Стано, пренесе Бета.

„И покрај нашите постојани барања, косовскиот премиер Курти не презеде решителни чекори за намалување на тензиите и неговиот план за намалување на ескалацијата испратен до високиот претставник на ЕУ (Жозеп Борел) не беше одговор и начин да се елиминираат клучните елементи што предизвикаа и беа основните причини за кризата, што очекуваме тој итно и решително да ги отстрани“, изјави Стано за новинарите во Брисел.

Тој додаде дека „затоа, во согласност со своето соопштение од 3 јуни, Европската унија подготви рестриктивни мерки кои не се санкции, туку рестриктивни мерки кои стапуваат во сила веднаш“.

Членките на ЕУ, рече тој, ги поддржаа мерките поврзани со Косово и очекуваат дека „премиерот Курти веднаш ќе ги преземе неопходните чекори за намалување на ескалацијата, а тие мерки содржат политички и финансиски последици, почнувајќи од прекин на посетите, контактите и настаните на високо ниво, како и суспензија на финансиската соработка на ЕУ со Косово“.

„Мерките се привремени и може да се повлечат, а зависат од развојот на ситуацијата на терен и убедливите, решителни чекори што премиерот Курти треба да ги преземе за да се намали ескалацијата“, рече Стано.

Стано укажа на соопштението на членките на ЕУ од 3 јуни во кое беше наведено дека доколку не дојде до намалување на заострувањето предизвикано од спорните избори на северот на Косово, ќе следат „негативни последици“ за односите со Унијата.

Како што истакна, во изминатите денови и недели имало „многу силни контакти на високо ниво со цел да се надмине моменталната состојба на Косово, а вчерашните настани покажаа дека нема намалување на тензиите и оти затегнатоста сè уште постои“.

извор: МИА

ЕУ Косово Петер Стано рестриктивни мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.