НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и Велика Британија бараат итно намалување на тензиите на Косово и пуштање на уапсените полицајци

0
By Ана Василевска on June 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД и Велика Британија бараат итни чекори за деескалација на состојбата на северно Косово и ослободување на трите уапсени косовски полицајци, јави дописникот на МИА од Белград.

„САД очекуваат Приштина и Белград да преземат итни чекори за деескалација на тензиите и да го следат планот од три точки претставен од Европска Унија“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Според него, како дел од ова, Приштина мора да обезбеди градоначалниците Албанци да ги извршуваат своите преодни должности од алтернативни локации, како и да ги повлече полициските сили од северот.

Стејт департментот очекува и „безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци уапсени од Србија“.

„Сметаме дека и Косово и Србија мора да го следат планот од три точки претставен од ЕУ“, рече Милер.

И Владата на Велика Британија денеска, ги повика Белград и Приштина да преземат итни мерки за намалување на тензиите и истакна дека очекува двете страни итно да се вклучат во дијалогот што се води од страна на ЕУ и без натамошно одлагање да започнат со работа на формирање на Заедницата српски општини.

„Ги повикуваме Косово и Србија да покажат максимална воздржаност, да избегнуваат еднострани мерки и да преземат итни мерки за намалување на тензиите“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на британската Влада.

Лондон ги повика премиерот Албин Курти и Владата во Приштина да се погрижат новоизбраните албански градоначалници да ги извршуваат своите преодни должности од алтернативни локации надвор од општинските згради и специјалните полициски единици да бидат повлечени од тие згради, како и да распише што поскоро „нови, инклузивни избори“.

Британската Влада истакна дека очекува и ги охрабрува Србите на Косово да учествуваат на тие избори.

Во исто време, таа повика на итно ослободување на тројцата косовски специјалци, кои беа уапсени на 14 јуни.

„Очекуваме Косово и Србија веднаш да се вклучат во Дијалогот што се води со посредство на ЕУ, а особено да започнат со работа без натамошно одлагање на формирањето на Заедницата на српските општини“, порача британската Влада.

Велика Британија САД Тензии на Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.