НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Се надевам дека санкциите од САД ќе ѝ помогнат на Северна Македонија во борбата против корупцијата

0
By Соња Крамарска on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Рамиз Мерко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се надевам дека ова ѝ помага на Владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Албанската редакција на Гласот на Америка. Тој одговараше на прашањето дали очекува политички последици откако САД на 20 јуни го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција.

Стејт департментот соопшти дека Мерко додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.

Координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју, вели дека ставањето на листата на санкции, има цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.

Нефју, во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“ рече дека не може да се споделат повеќе детали зошто градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа. Но дека американскиот државен секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција.

Мерко е градоначалник на Струга, од редовите на ДУИ. Санкцијата се однесува и на сопругата на Мерко, Шпреса, и неговите три возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша. Семејството на Мерко се смета за непожелно во САД.

Американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер пред неколку месеци ја најави црната листа на САД на која ќе се најдат имиња на функционери вмешани во корупција. Во декември минатата година земјава престојуваше тим на американски истражители за санкции од Вашингтон кои ги истражуваа можните случаи на корупција во кои се вмешани високи македонски официјални лица. Струшкиот градоначалник Мерко е првиот кој се најде на долгонајавуваната листа, на кој му е забранет влез во САД.

Во април минатата година Министерството за финансии на САД објави листа на санкционирани лица и ентитети од Западен Балкан, на која се ставени и поранешниот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков, со што на нив и на членовите на нивните семејства им се забранува влез во САД. На листата на санкции е ставена и фирма на Груевски регистрирана во Унгарија.

Претходно на црна листа на САД, беа ставени и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Габриел Ескобар Рамиз Мерко САД црна листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.