НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски се враќа од германската престолнина со силна поддршка за уставните измени, дома продолжува неизвесноста за гласањето

0
By Соња Крамарска on June 29, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните измени беа во фокусот на синоќешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека сега од централно значење е планираната промена на Уставот за да се ослободи патот за ЕУ.

„Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на Северна Македонија. Сега е од централно значење  планираната промена на Уставот, за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ“, истакна Шолц на заедничката прес – конференција со Ковачевски.

Шолц посочи дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, а тоа посебно важи за Северна Македонија.

„Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги прави на патот со реформи кон ЕУ. Сега од централно значење е планираната промена на Уставот. Од нејзиниот успех зависат многу нешта. Знам дека тоа не е едноставен чекор, но е потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Северна Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања. Уште сега имаат сосема конкретни позитивни влијанија за граѓаните“, рече Шолц.

Германскиот канцелар, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека пристапниот процес на Северна Македонија треба да биде редовен согласно напишаното на хартија и не треба да има нови условувања, кои се однесуваат на билатералната состојба.

„Ќе бидам јасен. Тоа е јасно договорено, и треба да биде редовен пристапен процес според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. Јас гарантирам за тоа“, рече канцеларот Шолц прашан дали е прифатлива за него изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само прелиминарен услов за земјава и дека со нив не се исцрпени сите услови за државата да ја почне втората фаза од преговорите.

Премиерот Димитар Ковачевски ги повтори определбите на неговата Влада и коалиција – процесот на уставни измени да заврши пред отпочнувањо на втората меѓувладина конференција. Без да соопшти кога тие ќе бидат испратени во Собранието рече дека уставните измени се веќе подготвени во Министерството за правда и оти Владата веќе води процес на нивна консултација.

„Определни сме овој процес да се заврши во рамки на потребата, а тоа е пред отпочнување на втората меѓувладина конференција. Заради тоа и Владата и сите коалициони партнери се посветени на одржување на овој дијалог. Јас уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да се водат од интересите на граѓаните кои ги избрале во носењето на одлуките. Се друго би значело наместо интеграција, државата повторно да падне во изолација“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Започнато е ново поглавје во нашиот европски пат, потенцираше тој на заедничката прес-конференција, а крајната цел е полноправното членство во ЕУ. „И сега зависи само и единствено од нас, оваа историска шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме и треба да го дадеме нашиот глас за Европа“, порача Ковачевски.

Тој подвлече дека со усвоената Резолуција, Берлин ни дава дополнителен поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери во нашето општество.

„Сега останува следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред нашето Собрание и нашите 120 пратеници. Очекувам дека тие ќе покажат државничко однесување, ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за нас, за идните генерации, за нашите деца“, посочи Ковачевски.

Првото гласање за уставните измени односно за потребата од уставни измени би можело да се случи на крајот на јули, доколку деновиве Владата ги испрати документите до Собранието. Оваа временска рамка се наметнува по објaснувањето на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека од приемот на материјалите до гласањето се потребни 30 дена затоа што максимум десет дена треба да работи Уставната комисија, чиј што претседател е тој, и со работа треба да заврши осум дена пред денот утврден за гласање.

„На седницата на која ќе биде на дневен ред потребата за уставни измени, дебатата трае максимум десет дена“, објасни Џафери.

Меѓутоа и понатаму останува неизвесноста околу исходот од гласањето во парламентот. За изгласувањето на уставните измени, односно прогласувањето на амандманите, се потребни 80 гласа „за“ кои во моментов ги нема владиното мнозинство, а тие треба да дојдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по враќањето од Брисел каде беше на средби со сестринските партии и со ЕУ структурите го повтори ставот дека „нема да има уставни измени под бугарски диктат“ и дека 44-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ „се сложни дека нема да гласаат уставни измени“. Со тој став тој практично порача дека убедувачката мисија на сестринските партии и на претставниците на раководството на ЕУ не успеала и дека неговата партија останува на своите тврди позиции.

Доколку парламентот ги отфрли уставните измени евроинтеграцискиот процес на Македонија ќе запре. Засега опозицијата не понуди план Б како единствена одговорна партија за можниот застој.

С.К.

Германија Димитар Ковачевски Олаф Шолц уставни измени Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.