НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локални самоуправи

0
By Ана Василевска on July 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска Стојчевска
Бисера Костадиновска Стојчевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информираше дека по објавениот Оглас за распределба на капитални дотации во областа на културата, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, доделени се средства за девет проекти за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари.

Како што соопшти Министерството за култура, министерката посочила дека Маврово и Ростуше во с. Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри, а ќе се санира и културниот центар во Валандово.

-Инвестираме и во сценската инфраструктура на Крушево како важен културен, историски и туристички центар, како и во живописното Кратово, град кој е сѐ поатрактивна туристичка и културна дестинација. Започнуваме проекти за реконструкција и адаптација на зградата на Центар за култура Крива Паланка, како и за почеток на изградба на дом на култура во Општина Чашка. Продолжуваме со реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, како и со изградбата на Домот на културата во с. Куклиш, Струмица, посочила министерката за култура.

Костадиновска Стојчевска изразила задоволство што се поддржани локални проекти и иницијативи кои го негуваат културното наследство, го поттикнуваат современото творештво и даваат можност граѓаните да се вклучат и да уживаат во културните активности.  Со овие дотации, додала таа,  ќе се создадат нови можности за уметниците и за културните организации, за развој на туризмот, стимулирање на локалниот економски раст и отворање нови работни места.

-Културата игра клучна улога во формирањето на идентитетот на едно општество и во збогатувањето на животот на секој поединец. Таа нè поврзува, нè инспирира и нè облагородува. Со капиталните дотации отвораме перспективи за развојот на културата која зближува и покрај својата разноликост, а во тоа е и нејзината уникатност, рекла министерката.

Според Костадиновска-Стојчевска, капиталните инвестиции им овозможуваат на единиците на локалната самоуправа да реализираат многубројни проекти коишто ќе ја збогатат нивната културната понуда. Со нив, како што рекла, се предвидува изработка на проектно-техничка документација за изградба на објекти, реконструкција, ревитализација и санација на центри за култура, музејско-изложбени простори, адаптации на простори за културни и за други манифестации, осмислување летни сцени.

Бисера Костадиновска - Стојчевска капитални инвестиции Локлана самоуправа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.