НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За каква „цензура“ станува збор?

0
By Marta Pesevska on July 7, 2023 ВЕСТИ, Медиуми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод хистеријата на социјалните мрежи предизвикана, во суштина, од прозаична, едноставна причина – истек на договор за вработување и непродолжување на истиот со нашиот вработен – уредник на втора смена на порталот на СП Жарко Настоски како и неговата реакција на социјалните мрежи и напади и шпекулации упатени кон СП, а под образложение за воведена цензура во нашиот медиски систем, ограничување на слободата на делување и останатите „измислици“, должен сум, во име на вистина да реагирам до јавноста на соодветен начин. До овој момент, освен порталот ПРИЗМА.МК – никој се нема обратено до нас, за да го слушне нашиот став по ова прашање, вклучително и ЗНМ како и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Да појасниме во старт, работниот однос на Жарко Настоски во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ заврши на 30 јуни годинава и истиот не е продолжен со одлука на менаџментот од оправдани причини. За тоа подолу. Каков е тој „моментален отказ“ (на веб апликација) на 5 јули, а врз основ непостоечки договор за вработување со нашето друштво? Непостоечки!! Настоски, надевајќи се дека договорот за вработување ќе му биде продолжен, самостојно продолжи да работи на порталот до укинувањето на ИТ пристапот од страна на овластено лице кое по враќање од лично отсуство – го избриша неговиот пристап од ИТ системот.

Обвинети сме за ЦЕНЗУРА поради бришење на целосен текст објавен од Настоски на нашиот портал, а јас додавам дека водејќи сметка за јавниот интерес и под полна лична одговорност – лично дадов налог до него преку одговорниот уредник на веб порталот тој текст да се ИЗБРИШЕ од повеќе причини:

-истиот ден претпладне, редакцијата на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ имаше објавено два авторски текста кои аналитички ја третираа темата за спорните рудници. Текстовите се потпишани со полно име и презиме на авторите. Згора на тоа, сам признава дека објавил целосно ископиран текст на којшто му го сменил само насловот, игнорирајќи го фактот дека оваа тема веќе е сработена со двата споменати текста за кои подолу има линкови. Редакцијата и уредничкиот колегиум стои зад нашите авторски текстови веќе објавени на нашиот портал затоа што се изработени според најсовремените узанси на новинарството.

-текстот што го објавил Настоски е избришан затоа што е преземен авторски текст од друг веб портал (текстот не е ниту авторско или какво било дело на Настоски) на кого Настоски му го сменил само насловот и без каква било проверка на факти и наводи во текстот, да не зборуваме дека оригиналниот автор на текстот не е спомнат – истиот го објавил на нашиот портал, што претставува грубо кршење на сѐ што е измислено за новинарската професија до денес, обид за манипулација на јавноста, а посебно непридржување кон членовите 1 и 2 од Кодексот на новинарите на ЗНМ на РСМ. Ова е лесно проверливо. Текстот, со сите ризици по СП е избришан по мој налог затоа што според сензитивноста на информациите содржани во него (а непроверени, а објавени од Настоски) претставуваше потенцијална опасност јавноста да се изложи на непроверени и непотврдени информации од оној кој бил должен тоа да го направи – новинарот уредник Настоски. За узансите на уредувачката политика и проверка на факти воопшто да не спомнуваме. Бидејќи Слободен печат е професионален медиум, ние не сакаме нашите читатели да добиваат информации за кои ние не сме сигурни дали се точни (непроверени). Поради тоа, на уредникот му е укажано да го отстрани текстот кој го поставил со цел да се прекине понатамошна штета од можно дезинформирање на јавноста додека тим новинари не ја истражи темата детално со увид во документи, изјави од релевантни лица и други факти. Уредничката улога подлежи на голема одговорност кон јавноста, а дополнително со неа се претполага и дека уредникот ќе врши проценка на тоа кои информации треба да се проверуваат детално, а кои информации се агенциски вести и протоколарни.

Во однос на обвинувањата за цензура, може да посочиме дека од појавувањето на проблемот со рудниците Слободен печат професионално и редовно ја третира темата што може да се провери со обично пребарување на сајтот и да се види дека има над 30 наслови врзани за овој случај во целиот период.

Вообичаено не ги коментираме деловните одлуки врзани за наши актуелни или бивши вработени, но ова ќе биде исклучок. Одлуката да не му се продолжи договорот за вработување на Настоски е базирана на повеќе причини, кои јавноста треба да ги знае; додека работел во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, работел и за други медиуми хонорарно притоа користејќи ги ресурсите на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ и неговите информативни сервиси (за кои ние плаќање претплата) и ИТ инфраструктура и безбедносни протоколи, што не е спорно доколку дополнителните ангажмани ги пријавел и побарал одобрување од друштвото – што беше негова експлицитна обврска согласно на тогаш важечкиот договор за вработување (истечен на 30 јуни 2023) а врзано за „Конкурентската клаузула“ која гласи: „За времетраење на работниот однос (работникот) ќе го почитува принципот на законска забрана на конкурентско дејствување и ќе бара согласнот од работодавачот (СЛОБОДЕН ПЕЧАТ) за сите работи кои ќе ги врши за своја и туѓа сметка, а кои спаѓаат во дејноста на работодавачот или би значеле негова конкуренција“. За ова поседуваме материјални докази но за ова во некоја друга постапка.

Од друга страна, оние кои најмногу се повикуваат на почитување на новинарските стандарди, правила и права, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници се оглушија од елементарното правило да се слушне и другата страна. Со еден телефонски повик, сѐ ќе им беше јасно. Вака, наседнаа, и некритично беа фатени на јадицата на општо произведената хистерија и шпекулации на социјалните мрежи. На тој наратив се налепија сите на кои оваа приказна им одговара, а посебно и некои бивши вработени на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ очекувајќи минути популарност или дополнителна слава и ставајќи се повторно во позиција на жртва, за да пред јавноста ја оправдаат својата професионална некомпетенција (затоа повеќе не се членови на колективот на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ).

На крајот, барам јавно извинување од Здружението на новинари на Македонија и Сојузот на синдикати на новинарите за нивните еднострани соопштенија. Во иднина, ги замолувам и охрабрувам, секогаш кога ќе се посомневаат во постапувањата на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ врзано за нивните активности, да нѐ контактираат и да побараат објаснување/одговор од нас. Ние секогаш сме биле и ќе останеме транспарентни и немаме што да криеме од јавноста.

Со почит,

Мирослав Јовановиќ

Медиа директор и главен уредник на медискиот сервис на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Извор: Слободен Печат

Мирослав Јовановиќ Слободен печат цензура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.