НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преземањето на „иРобот“ од страна на „Амазон“ под лупа на Европската комисија

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија иницира истрага за оценка на усогласеноста на предложеното купување на „иРобот“ од страна на „Амазон“ со правилата на ЕУ за конкурентност.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата е загрижена дека преземањето ќе му овозможи на „Амазон“ да ја ограничи конкуренцијата на пазарот за роботски правосмукалки (РВЦ) и да ја зајакне својата позиција како давател на услуги на онлајн пазарот.

Европската комисијата потсетува дека „Амазон“ преку својата мрежа за онлајн трговија им овозможува на трговците на мало да ги рекламираат и продаваат своите производи, вклучитлно и роботски правосмукалки на „иРобот“.

„Прелиминарната истрага на Комисијата покажува дека е можно преземањето да му овозможи на „Амазон“ да ја ограничи конкуренцијата за производство и снабдување со РВЦ и да ја зајакне својата позиција на пазарот за онлајн услуги во однос на трети продавачи. Ова особено, што Комисијата прелиминарно утврди дека онлајн пазарот на „Амазон“ е особено важен канал за продажба на РВЦ во неколку земји членки на ЕУ“, посочува Европската комисија.

Според Комисијата, „Амазон“ би можел да го ограничи пристапот на конкурентите во продажбата на РВЦ на неговиот онлајн пазар, преку фаворизирање на производите на „иРобот“, ограничување на рекламите на конкуренцијата или зголемување на трошоците за рекламирање и продавање на конкурентските роботски правосмукалки.

„Ваквите стратегии би можеле да ја ограничат конкуренцијата на пазарот за производство и снабдување со РВЦ, што ќе доведе до нивни повисоки цени, понизок квалитет и помалку иновации за потрошувачите“, смета Еврокомисијата.

Од овие причини Европската комисија ќе спроведе длабинска истрага за ефектите од предложеното преземање, за да утврди дали нејзината загриженост за нарушување на конкурентноста е оправдана.

За предложеното преземање на „иРобот“ од страна на „Амазон“, Комисијата била известена на 1 јуни годинава и сега таа има 90 работни дена, до 15 ноември, да донесе одлука околу сомнежите за прекршување на правилата на ЕУ за конкурентност.

Амазон Европска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.