НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кулеба на Твитер: Членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО одлучи да се откаже од барањето Украина да учествува во Акцискиот план за членство (МАП) кој ги поставува целите што треба да се постигнат пред да се приклучи на воената алијанса, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија еден ден пред самитот на НАТО рече дека таквиот потег ќе го скрати патот на Украина до членство во алијансата.

„По интензивни преговори, членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ни го скратува патот кон НАТО“, напиша Кулеба на Твитер.

Лидерите на алијансата се состануваат во вторник и среда во литванскиот главен град Вилнус, каде што ќе се обидат да ги надминат поделбите околу обидот Украина да се приклучи на блокот.

Киев сака да добие јасна покана за членство во НАТО по завршувањето на руската војна против Украина и се надева дека дотогаш ќе добие безбедносни гаранции.

Рускиот претседател Владимир Путин го наведе проширувањето на НАТО кон руските граници во последните две децении како причина за неговата одлука да испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари 2022 година.

Се поголем број членки на алијансата го поддржаа британскиот предлог пред самитот да му се дозволи на Киев да ја прескокне програмата МАП, која поставува политички, економски и воени цели за земјите кандидати да ги исполнат и кои другите источноевропски држави мораа да ги исполнат пред да се приклучат на НАТО.

Со таков потег, алијансата може да одговори на барањата да направи повеќе од декларацијата од самитот на НАТО во 2008 година, која ветуваше дека Украина на крајот ќе стане членка, но на Киев не му беше понудена вистинска покана или временска рамка.

„Тоа е, исто така, најдобриот момент да се понуди јасност во врска со поканата за Украина да стане членка“, напиша Кулеба на Твитер.

Војна во Украина Дмитри Кулеба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.