НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ најостро ги осуди вандализмот и подмолните манипулации на Левица кои ја оштетија таблата на Паркот Украина во Чаир

0
By Ана Василевска on July 13, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Парк Украина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЦИВИЛ најостро го осудува вандализмот и манипулациите што ги предизвикува најновата, крајно подмолна провокација јавно поддржана од Левица, а која ја спроведе самонаречената „црвена младина“.

Во Чаир, членови на Левица вчера (12 јули 2023), пред сопствените камери, ја вандализираат табелата со натписот на новиот „Парк Украина“, кој беше промовиран пред еден месец на иницијатива на Општина Чаир, во соработка со Украинската амбасада, со поддршка од ЦИВИЛ и други граѓански и хуманитарни групи и организации. Овој чин е симбол на солидарноста со украинскиот народ во нивната борба за слобода од руската агресија и окупација.

Имено, оштетувањето и самоволното „преименување“ на Паркот Украина во Чаир, не претставува само еден обичен чин на вандализам.

Со јасна и груба злоупотреба на еден светол поим, како што е АСНОМ, политичките вандали од екстремната десница сакаат да предизвикаат омраза и поделби, наспроти благородниот мотив што стои зад именувањето на Паркот Украина. Воедно, тие не ја кријат својата намера да ја омаловажат волјата на локалната самоуправа, како и на граѓанките и граѓаните на општина Чаир и пошироко, да ѝ оддадат признание и почит на борбата на Украина за слобода.

Не е случаен изборот на локацијата и името на паркот, бидејќи Левица не ја кријат својата поддршка и приврзаност кон нивниот идол, воениот злосторник и диктатор Путин.

ЦИВИЛ бара од релевантните институции, во прв ред МВР, итно да покрене постапка за санкционирање на сторителите на овој подмолен чин, не само поради вандализмот, туку и поради пропагандата со која се промовираат агресијата, злосторствата, омразата и поделбите меѓу луѓето и нациите. Тие не се анонимни, туку самите се снимиле и се промовираат на социјалните мрежи, така што релевантните институции не би требало да имаат проблем при подготовка на своите законски постапки. ЦИВИЛ очекува остра и законита реакција во овој и слични случаи.

Ваквиот чин е неприфатлив и заслужува крајна осуда и од јавноста.

Извор: Цивил Медиа

вандализам Левица Парк Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.