Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костовски: Имаме неповторлива шанса, нов договор нема да има

0
By Gabi Tocko on July 25, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 25, 2023 19:34

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за уставни прашања истакна дека ова е првпат нашата иднина да е единствено во наши раце и не смееме сами да ја блокираме нашата иднина и иднината на следните генерации.

Ние, нашите млади, нашите деца, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, тука дома во нашата Северна Македонија. Нема да добиеме подобар договор. Ова е апсолутно најдобриот договор што Македонија можеше да го добие. Затоа повторувам ова е историска шанса која не смееме да ја пропуштиме. Нема ново вето, тоа го кажаа и претставниците на ЕУ но и на Бугарија. Тие очекуваат да се исполнат обврските од преговарачката рамка, а понатаму, сите прашања со Бугарија се билатерални прашања , и се билатерална обрска меѓу Македонија и Бугарија. Тоа е договор меѓу двете земји. Тие нема да влијааат на евроинтеграциите. Бугарија како и секоја друга ЕУ земја членка може да изрази мислење или загриженост за одредени реформи, но тоа ќе се однесува на процесот од реформи, не и на билатералните прашања, кажа Костовски.

Тој додаде дека со уставните измени се отвараат кластерите и поглавјата, а понатамошниот европски пат е отворен и зависи само од нас и од спроведените реформи.

Скринингот ќе покаже на кое ниво на подготвеност сме и што точно треба да се направи понатаму. Ние сме свои на своето, Македонци кои зборуваат македонски јазик. Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина и отвора врата на безброј можности за граѓаните. Тоа е нашата голема идеја, суштината на нашата посветеност, саможртва и го правиме токму за секој еден кој живее во Северна Македонија. СДСМ е политичка партија која не прави компромис со стратешките интереси на државата.Одлуката која е пред нас е тешка, но државничка одлука, која носи прогрес и просперитет. Како владејачко мнозинство не се плашиме од предизвиците кои носат бенефит за граѓаните, тоа многу пати досега на дело го имаме покажано,така ќе биде и сега. Лесно е да велиш дека не го поддржуваш Договорот од Преспа, а да гласаш Северна Македонија да биде членка на НАТО. Лесно е да бојкотираш референдум и да глумиш патриот, а со самото гласање Северна Македонија да биде членка на НАТО директно го прифаќаш референдумското прашање. Лесно е со шпекулации да будиш чувства кои задираат до секој македонец за македонскиот јазик, а да не дојдеш да гласаш ниту за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ. Лесно е со лаги да зборуваш за наводна бугаризација и асимилација а да не дојдеш да гласаш за заклучоците за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ или пак да не гласаш за законот за унапредување на македонскиот јазик. Со прст да не мрднеш, а не пак да лобираш или да го поздравиш тоа што Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура., и дополнително тоа да го маргинализираш како небитно исто така е лесно, истакна Костовски.

Тој повтори дека државата мора да оди напред, а неизвесноста да остане зад нас.

Сите ние пратениците, претставници на народот имаме обврска на прво место да ги ставиме граѓаните, да ги ставиме државните, националните и стратешки интереси. Сите ние благодарни на своите предци за жртвите, херојското минато и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, мора да покажеме одговорност пред иднината на татковината. Имаме неповторлива шанса да го продолжиме европскиот пат и да оствариме уште една стратешка цел: членство во ЕУ до 2030 година, нагласи Костовски.

ЕУ Комисија за уставни прашања Македонија Мартин Костовски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.