НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зголемува бројот на случаи на менингитис во Косово

0
By Ана Василевска on August 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство на Косово денеска ги повика граѓаните да бидат повнимателни и постојано да ја контролираат водата за пиење, поради зголемениот број на заболени од менингитис во последните два месеци.

Во денешното соопштение, Министерството за здравство наведува дека, врз основа на извештајот на Државниот завод за јавно здравје, потребна е зголемена контрола на водата за пиење и на базените за да се спречат разни инфекции.

Според извештајот на болничката служба на Универзитетската клиника на Косово, бројот на пријавени случаи на менингеален синдром во текот на јули и август е зголемен во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за здравство.

„Секој што ќе дојде во контакт со причинителот може да се разболи од менингитис, но одредени возрасни групи се изложени на поголем ризик. Според Светската здравствена организација, менингитисот најмногу ги погодува младите луѓе бидејќи имунолошкиот систем на младите, главно бебињата, децата и тинејџери, не е доволно развиен за борба против предизвикувачот на болеста“, посочуваат од Министерството за здравство.

Бактериски или вирусни инфекции се причина за менингеален синдром. Место на ширење на инфекцијата може да бидат базени, места за освежување, контакт и вода за пиење, предупредуваат од Министерството.

Министерството за здравство ги објави и симптомите на менингитис, кои се слични на симптомите на обичниот грип, но се влошуваат за многу кратко време.  Менингитисот може да се појави веднаш или 3-7 дена по инфекцијата, а се лекува само во болница.

Симптоми на болеста се: повраќање, вртоглавица, висока температура, болки во мускулите, чувствителност на светлина, главоболка, конфузија, студени екстремитети, осип на кожата. Децата може да имаат и симптоми како што се забрзано дишење, иритација и продолжено плачење, губење на концентрација и недостиг на апетит.

Косово Менингитис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.