Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен по средбата со Ковачевски: Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани, се надевам дека сите страни ќе ги поддржат

0
By Ана Василевска on August 22, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 22, 2023 11:18

„Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од Владата на премиерот Ковачевски во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, да се придвижи Северна Македонија напред на европскиот пат“, во објава на Твитер, истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

 

Северна Македонија припаѓа во ЕУ, нагласи Фон дер Лајен.

Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук, истакна дека заложбата на ЕУ за евроинтегративниот процес на Северна Македонија сега е најсилна.

Тој нагласи дека со „претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Атина говоревме дека Северна Македонија оваа единствена шанса, која е поддржана и од меѓународната заедница, не смее да ја пропушти. Шансата за европска иднина, за отворен европски пазар, за европски фондови, за фундаментални реформи сега е во наши раце и тоа не смееме како држава да го пропуштиме“.

На неформалниот состанок во Атина на лидерите на Европската унија со претставниците на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, беше заклучено дека е неопходно да се заокружи визијата за ЕУ ​​збогатена од Западен Балкан, Украина и Молдавија.

Во Заедничката декларација се наведува дека на неформалниот состанок во Атина била подвлечена потребата од обновен и рефокусиран процес на проширување што е опиплив и веродостоен, без кратенки до воспоставените услови, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на грчката влада.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Декларација од Атина од неформалниот состанок на лидери на ЕУ со претставници на државите од Запден Балкан, Украина и Молдавија

Извор: Фронтлајн

Атина Димитар Ковачевски Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.