НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна одбележувањето на Деновите на европското наследство 2023

0
By Ана Василевска on September 1, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под мотото „Живо наследство“ од денеска, па во наредните три месеци, ќе се одбележуваат Деновите на европското наследство во 2023 година, со организирање на десетици илјади настани во 48 земји.

Целта на манифестацијата е да се покаже живописноста, различноста и значењето на културните традиции, знаења и вештини во Европа, преку одржување на културни настани, изложби, уметнички перформанси, интерактивни работилници, предавања и туристички тури.

– Заеднички организирани од Комисијата и Советот на Европа, Деновите на европското наследство се можност граѓаните да научат повеќе за богатата и разновидна култура на Европа и да ја промовираат заштитата на нашето заедничко наследство за сегашните и идните генерации, соопшти Европската комисија.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во рамки на иницијативата ќе се спроведуваат и европски проекти за прекугранична соработка, со цел да се поттикне соработката меѓу различни локалитети кои се дел од културното наследство.

– Деновите на европското наследство остануваат посветени на славење и заштита на богатиот културен мозаик на Европа, се додава во соопштението.

Одбележувњето на Деновите на европското наследство започна во 1985 година на иницијатива на Советот на Европа со цел да ја поттикнат културна разновидност, дијалогот и зачувување на наследството. Од 1999 годна тие се организраат заеднички од Европската комисија и Советот на Европа, како доказ за богатството на европското културно наследство, истовремено поттикнувајќи дијалог, инклузивност и прекугранични активности. Во одбележувањето на Деновите на европското наследство во 2022 година учествуваа околу 20 милиони луѓе.

Деновите на европското наследство 2023 ЕУ култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.