НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократија, секс, „педери“ и дезинформации?!

0
By Ана Василевска on September 15, 2023 КОЛУМНА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СТАВ
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Користејќи ги најделикатните, родителски емоции, го вртат вниманието, пардон, водата на своја воденца-револтот на родителите да биде искористен за придобивање на симпатизери на „конзервативната“  десница и левица која ќе не спаси од „содома и гомора“.

Синоќешната паника и хистерија која се активираше на социјалните мрежи, предизвикана од споделувањето на извесни наставни ливчиња од прирачник кој е наменет за прифаќање на различна сексуална ориентација, спласна по деталниот новинарски текст на колешката Мери Јордановска.

Текстот кој јасно ја демантираше паранојата на родителите дека децата ќе им бидат наведени како што потенцираа „да се срамат од хетеросексуaлноста“, па отидоа до таму и дека преку образовниот систем се заговара популаризирање на хомосексуалноста, па и како што велат дека се промовира „изопаченост“, набрзо ги исплакна отровните зборови што експлодираа во коментарите.

Тоа што загрижува е дека, овие дезинформации за наставните ливчиња беа лансирани преку т.н родителско-образовни групи, кои се декларираат дека се наменети да ги мониторираат состојбите во образованието, грижата за децата итн. Но, случајно или не, не е прв пат од таму да се пласираат содржини и информации кои се извадени вон контекст, и имаат цел да поттикнат хаотична и неконструктивна критична маса која ќе почне да плука најчесто по „срамната демократија и европските вредности“ и невладините организации за човекови права што се „закана по моралот на нивните деца“.

Тие се бунтуваа и за интегрираните предмети и за дигиталните учебници и за он лајн наставата. Кога имаше он лајн настава, бараа настава со физичко присуство, кога пак наставата беше со физичко присуство, бараа он лајн. Бараа учебници, ама потоа бараа да се укинат бидејќи имаат грешки…Лажеа и дека се укинуваат предмети како историја и географија, дека наставниците ќе останат без работа. И така во недоглед, овие одважни генератори на фејсбук кои се сметаат себе си будни чувари на иднината на нашите деца, всушност оставаат впечаток, на добро спакувана обланда за ширење на омраза кога станува збор за се што е ново, секоја реформа во образованието и се што е поврзано со власта.

Во последниов случај, информацијата дотолку не ја провериле, што таа одекна како актуелна новина на Бирото за образование, за нивниот „шок“ да биде амортизиран по објавата на Санела Шкриељ дека овој прирачник за средно образование е објавен во 2011 година.

„За шокираните доктори од прирачник за образование за животни вештини и тие што го пренесуваат, еве да се дошокирате: Прирачникот за 7мо до 9то одд кој укажува како да се учат децата за различни сексуални ориентации е издаден во 2009 година. Слично и со тој што го споделувате сега за средно образование, во 2011год. Бидејќи спомнувате партии, влади, ете дошокирајте се после цела деценија“, напиша Санела Шкриељ.

Оттаму и сомнежот дека нивната „чесна мисија“ за борба за квалитетно образование и здрави генерации е можеби само инструиран мотив да се демнат „грешки“ кои подоцна ќе послужат за ширење страв од европеизација и демократски вредности кои бездруго се суштински наратив и идеолошка ориентација на актуелната власт. Користејќи ги најделикатните, родителски емоции, го вртат вниманието, пардон, водата на своја воденца-револтот на родителите да биде искористен за придобивање на симпатизери на „конзервативната десница и левица“ која ќе не спаси од „содома и гомора“.

Затоа особено омилена тема за создавање раздор им е секое спомнување на зборот секс, сексуална  ориентација, сексуално образование  и воопшто сите политики кои им помагаат на младите да бидат правилно информирани и одговорни за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

Некаде прочитав и коментар „ни ги сексуализираат децата“ учејќи ги како да ставаат кондом“- Дали навистина некој смета дека ние се раѓаме асексуални па подоцна некој не сексуализира и дали кондомот е пострашен од несакана бременост и сексуално преносливи болести ?!

Настрана што овие теми се со децении затворени во либералниот свет и не се непознати ниту во поранешно-југословенското општествено уредување.

Нејсе, писменоста и образованието ни се генерално земено на исклучително ниско ниво, па лесната подводливост на оваа и на слични теми е неизбежна.

Одговорноста за оваа состојба, секако лежи во паушалниот образовен систем и наставни програми кои се креираат ад хок, без подготовка на наставниот кадар, со низок кадровски потенцијал во работните групи што ги изготвуваат методологиите, без добро информативно подготвено тло за имплементација на реформи. Но, време за чекање немаме многу. Грешки ќе се прават и истите ќе се отсрануваат.

Тоа што е важно во демократскиот правец и насоката да се негуваат фундаменталните човекови права, да се прифаќаат различностите, да се отстрани родово базираното или насилството поради сексуална оринатација, не треба да биде минирано со примитивизам и уште помалку со политичко поентирање.

Можноста да создадеме генерации на фрустрирани мразачи е далеку пострашна од можноста децата да бидат едуцирани на прашања од каква било сексуална природа.

И конечно „фобијата“ од европски вредности со која некои структури упорно сакаат да го инфицираат општеството, ќе им оди во прилог само на оние што кокетираат со конвенционалните семејни вредности за повисок политички дил. Малце „педерски“ нели?

 

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

дезинформации МОН Родителски групи Сеопфатно сексуално образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.