НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петковиќ: Курти е единствен виновник за неуспех на преговорите, тоа и Борел го потврди

0
By Ана Василевска on September 18, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Петар Петковиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека „премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти“, со тоа што рекол дека не сака ни да започне со изработка на статутот за Заедницата на српски општини (ЗСО), јасно се изјаснил, така што секој може да види дека тој е оној кој не сака никакви преговори, дијалог и компромиси, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ реагирајќи на денешните изјави на косовскиот премиер за неуспехот на последниот дијалог во Брисел, на прес-конференција рече дека сè што прави Курти, прави за да го прикрие фактот што во Брисел високиот комесар на ЕУ, Јосеп Борел, јасно кажал дека единствен виновник за неуспешните преговори е Приштина, која одбива да ја спроведе ЗСО повеќе од 10 години.

-Никој не бара од него да даде ЗСО, бидејќи вели дека не може да даде кафе без шолја. Преговорите не се пиење кафе. Курти им го загорчи животот на Србите во Косово што не сакаат да го видат, а камоли со него да пијат кафе, освен Рашиќ, кој премина на негова страна, рече Петковиќ.

Според него, Курти не сака ЗСО, не сака да зборува ниту за деескалација.

-Вучиќ очигледно е подготвен за компромис, дијалог, бидејќи тоа е единствениот начин да се заштити српскиот народ на Косово и Метохија. Од 3 јуни, кога ЕУ побара итна деескалација, имавме 22 ескалирачки потези на Приштина против Србите во Косово. Курти наместо да слуша што бара ЕУ во соопштенеито од 3 јуни, да се повлече косовската полиција, да се влезе во процедури за одржување избори и да се почне со формирање на ЗСО, Курти не ни помислува да оди во таа насока, изјави Петковиќ.

Албин Курти Жозеп Борел Петар Петковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.