НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Задорожњук до Дерала и Петровска за одликувањата од Зеленски: Без двоумење, смело и одлучно ѝ помогнаа на Украина да опстане

0
By Ана Василевска on September 26, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Задорожњук-Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната амбасадорка на Украина во Скопје, Наталија Задорожњук, преку емотивна објава на Фејсбук на македонски и украински јазик, на новинарот Џабир Дерала и министерката за одбрана Славјанка Петровска им честита за одликувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски и им се  заблагодари за придонесот што го даваат за борбата на Украина.

„Сакам да ја споделам мојата радост со вас, моите пријатели. Многу сум ѝ благодарна на судбината што во мојот живот имаше и има професионалци на високо ниво и прекрасни луѓе – Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска и познатиот новинар Џабир Дерала“, пишува поранешната амбасадорка Задорожњук.

Лесно е да се биде пријател кога работите се добри. Најтешко е да се биде вистински пријатели во тешко време, нагласува Задорожњук во објавата.

„Од самиот почеток на војната, Славјанка Петровска и Џабир Дерала не се двоумеа да ја изберат вистинската страна на историјата. Верувајте ми, во ситуацијата во која се наоѓаа тогаш беше многу тешко. Тие мораа да ги издржат нападите на бруталната руска пропаганда, да се борат против локалните руски прокси. Но, тие, без двоумење, смело и одлучно ѝ помогнаа нашата земја да опстане.

Ви благодариме многу и го цениме вашиот придонес за нашата Победа!

Можеби веќе малку го заборавив јазикот, но сакав да напишам на македонски за да ви ја пренесам мојата неверојатна благодарност и почит драга Славјанка Петровска и драг Џабир Дерала“, пишува Задорожњук.

Како што соопшти ЦИВИЛ, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со Орден за заслуги, Со истиот Указ, со Орден за заслуги се одликувани и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.

На списокот на добитници на ова високо државно признание од Претседателот на Украина се наоѓаат и низа политички, научни и општествени дејци од целиот свет.

„Ова признание го доживувам како потврда за мојата работа и мојата посветеност кон обелоденување на вистината за трагичните последици од бруталната руска агресија против демократска и слободољубива Украина, наспроти жестоката пропаганда со дезинформации од кои страда и нашето општество. Сакам да се знае дека ова високо и за мене драгоцено признание го сметам како заслуга и признание за сите мои колешки и колеги во ЦИВИЛ, како граѓанска организација и како медиумска платформа, како и во Фронтлајн, каде што сум уредник. Ова високо одликување Претседателот на Украина е наша заедничка заслуга! Слава Україні!“, рече Дерала пред колегиумот кој се собра да му честита на својот колега.

Актуелната амбасадорка на Украина, Лариса Дир, вчера објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ѝ ја додели државната награда – Орден на принцезата Олга, од прв ред.

„Беше забележан личниот придонес за поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина. Ви благодариме за силната помош!”, напиша амбасадорката Дир“.

Повеќе детали за официјалното врачување на одликувањата се очекуваат на почетокот на ноември.

Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн.мк

Благодарница за Џабир Дерала Задорожњук-Дерала ПОМОШ ЗА УКРАИНА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.