НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албански медиуми: Радоичиќ ослободен од притвор; европарламентарците го распнаа Вучиќ; Стејт департментот со истрага за воените возила користени во нападот во Бањска

0
By Ана Василевска on October 4, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот, Американскиот Стејт департмент сериозно истражува дали Србија ги злоупотребила воените возила донирани од САД пред неколку месеци.

Ова се дел од насловите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

Балкан Веб: Милан Радоичиќ ослободен од притвор

Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот. Судијата на претходна постапка го отфрли предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград за определување мерка притвор за Радоичиќ по разговорот, пренесе Балкан Веб.

Газета Експрес: „Автократ“, „класичен терористички акт“, „извор на дестабилизација“, европратениците го „распнаа“ Вучиќ

„На вчерашната вообичаена седница на Европскиот парламент се разговараше за тензиите меѓу Косово и Србија, по терористичкиот напад што таа го организираше против косовската полиција. Едногласно, пратениците на ЕП побараа да се воспостави правда за овој агресивен чин, додека српскиот претседател Вучиќ беше наречен автократ.“, пренесе  Газета Експрес.

Клан Косова: Стејт департментот  ќе истражува дали Србија го злоупотребила  за тероризам военото возило што им го подари

Американскиот Стејт департмент сериозно истражува дали Србија ги злоупотребила воените возила донирани од САД пред неколку месеци.

Тоа е затоа што високите косовски власти објавија дека српските терористи користеле воени возила од типот Хамви, на обука за подготовка на терористички акти на Косово, а едно од нив било употребено и во терористичкиот акт во Бањска, пренесува Клан Косова.

Албеу: Српско обвинителство – Радоичиќ го купил оружјето во Босна, Косовска полиција: Произведени се во Србија

„Од јануари 2023 година до 24 септември, Милан Радоичиќ купил оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ од Тузла, Федерација на Босна и Херцеговина.

Ова е верзијата на Вишото јавно обвинителство во Белград за оружјето што беше употребено во терористичкиот напад во Бањска во Звечан против косовската полиција на 24 септември, каде беше убиен наредникот Африм Буњаку.

Од косовската полиција и од Министерството за внатрешни работи континуирано се соопштуваат дека оружјето на терористичката група што беше запленето во Бањска и околината е произведено во Србија и годината на производство на дел од нив (последниве години , уште повеќе 2023) сугерира дека групата ја снабдувале српските институции, пренесува Албеу.

Коха: Граничната точка во Брњак отворена за сообраќај, Јариње останува затворено за влез од Србија

Граничниот пункт во Берњак во средата наутро е пуштен за сообраќај. Во меѓувреме, граничната точка во Јариње и натаму останува затворена за влез од Србија,  потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, пренесе Коха.

КОЛУМНА

Сури: СПАК мора итно да го истражи изборниот криминал од 14 мај и корупциската афера Рама – Мекгонигал

„Оној што има очи нека гледа, а кој има уши нека слуша. Тоа е заповеднички израз за секој разумен човек, уште повеќе за телото на правдата. Уште повеќе за главниот дел од еднаквоста пред законот, како што треба да биде СПАК. Цела деценија идеи, енергии, политички и јавни, општествени и професионални борби се зближија до исполнувањето на мисијата на правдата што беше наречена нова и почетокот на работата на органот од кој зависат сите надежи на Албанците, но и меѓународната заедница.“, пишува авторот Ндричим Кула во колумната „СПАК мора итно да го истражи изборниот криминал од 14 мај и корупциската афера Рама – Мекгонигал“, објавена во Сури нет.

Подготви: Д. Тахири

Извор: Цивил Медиа

Избор од албански медиуми Косово Милан Радоичиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.