НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Целиме кон уште повисоко ниво на транспарентност и одржлива свест за важноста на Стратегијата за транспарентност 2023-2026

0
By Ана Василевска on October 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Славица Грковска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на втората јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026, што денеска се одржува во Велес, организирана од Кабинетот за политики за добро владеење, во соработка со Фондацијата Метаморфозис.

– Ако корупцијата е болест, транспарентноста е централен дел во нејзиното лекување“. Со овој цитат на поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан, вицепремиерката Грковска ја илустрираше огромната важноста на транспарентноста, како принцип на доброто владеење, во справувањето со разорните коруптивни појави во општеството, стои во соопштението од владината прес-служба.

Таа нагласила дека јакнењето на транспарентноста на сите нивоа во системот е еден од најважните предуслови за превенција на корупцијата и за подобрување на севкупната кондиција на институциите, кои со вградување и доследна примена на ова начело, стануваат поодговорни, поотчетни и поефикасни во извршувањето на својата функција како сервис на граѓаните.

Грковска се осврнала на фактот дека во последниве години транспарентноста на институциите е значително подобрена, а тоа се должи на определбата за воспоставување  механизми, носење соодветна легислатива и развивање и спроведување политики. Тоа, истакнала, резултираше со зајакнување на фискалната дисциплина преку отворање на трезорот, со што на јавноста ѝ се овозможи да има увид во трошоците, но и со отворање на институциите кон јавноста и овозможување полесен пристап до информации.

– Нашата земја е една од ретките кои подготвуваат стратешки документи од овој тип и понатамошните чекори се во насока да се одржи отвореноста, без да се ретерира од досега постигнатото, а институциите кои назадуваат треба да го достигнат нивото на оние кои имаат најголем напредок во поглед на транспарентноста. Според Ирена Бојаџиевска, експертка која работеше на оваа стратегија, практиките на добро владеење и отворена власт треба да станат стандард во секојдневното работење, се вели во соопштението.

Оваа стратегија се надоврзува на претходната Стратегија за транспарентност и е насочена е кон остварување на визијата – Република Северна Македонија да биде држава со изградена институционална култура на транспарентност, држава во која владеат стандарди на добро управување во институциите на извршната власт, а со тоа и зголемена доверба на граѓаните.

Стратегијата за транспарентност 2023-2026 и придружниот Акциски план, кои денеска се предмет на втора јавна расправа, со учество на претставници на државните институции, граѓанските организации и медиумите, предвидуваат стратешки пристап со кој значително ќе се зајакне свесноста, но и проактивното дејствување на ова поле Предлозите и сугестиите произлезени од денешниот настан дополнително ќе ја подобрат содржината на овој стратешки документ, а со тоа и реализацијата на зацртаните заложби.

Славица Грковска Стратегија за транспарентност 2023-2026
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.