Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Со новиот Закон за нефер трговски практики ќе се намалат цените на храната и ќе се зголеми квалитетот на производите

0
By Blerina Tahiri on October 12, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 12, 2023 13:47

“Со новиот Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи ќе се регулираат 26 нефер трговски практики. Неговата примена очекуваме веднаш да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. Законот ќе ги уредува условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши, пред претставници на Стопанската комора на Северна Македонија каде што го презентираше новото законско решение кое е веќе објавено на Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР) и во наредните
20 дена е отворен за дискусија и забелешки.

Министерот кажа дека по завршување на дебатата за законот финалниот текст ќе биде доставен до Владата и потоа предложен до Собранието да се носи со европско знаме со оглед на тоа што во него се транспонирани најголем дел од европските регулативи.

„Сакаме преку дијалог и презентации на кои ќе бидат вклучени сите засегнати страни да се изнајде најдоброто решение за производителите и за трговците. Ова законско решение ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговија во делот на на земјоделски и прехранбени производи и нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании. Ова законско решение би требало веднаш откако ќе почне да се применува да влијае врз намалување на цените на прехранбените и земјоделските производи, да виијае врз подобрување на квалитетот на производите, како и да ја зголеми
предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека за прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат.

“Во Законот исто така е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да ги бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената. Со ова решение ќе биде ограничено на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на
супермаркети што ќе влијае во намалување на цените“ кажа министерот Бектеши.

За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра, но министерот Бектеши кажа дека и за овој дел од текстот ќе се разговара дополнително.

За прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест
месеци.

Бектеши закон комора трговци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.