Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Со дигитализација овозможуваме полесен, побрз и транспарентен пристап до јавните услуги

0
By Ана Василевска on October 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 16, 2023 13:44

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска остварил средба со претставници на Атлантскиот совет, непартиски тинк-тенк за надворешна политика со седиште во Вашингтон, која преку нејзиниот Европски центар, е посветена на одржување на Западен Балкан цврсто усогласен на евроатланскиот пат.

На средбата на вицепремиерот Битиќи со Лиса Хомел, помошник-директор на Атлантскиот совет за Европа и Рејчел Ризо, дел од проектот „Дигитален Западен Балкан“, се дискутирало за потенцијалот на дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан, како и за моменталниот статус на дигитализацијата во Република Северна Македонија со идентификување на клучните предизвици и можности за дигитализација и во приватниот и во јавниот сектор.

Вицепремиерот Битиќи ја потврдил личната и заложбата на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) за целосна дигитализација на услугите во државните и јавните институции, кои за нашите граѓани ќе значи полесен и побрз пристап до процесите кои се од огромна важност за нив.

– Целосното автоматизирање на услугите значи и поголема достапност за сите наши граѓани, но најмногу за оние кои се вброени во маргинализираните групи во општеството, што претставува еден од чекорите кои ги преземаме за искоренување на сиромаштијата, рекол Битиќи, соопштија од владината прес-служба.

Тој ги запознал соговорниците со првиот дигитален асистент во јавниот сектор, АДА, кој го олесни пристапот на државна поддршка за сите компании во Северна Македонија, како и за сите оние странски компании кои сакаат да инвестираат во нашата држава.

Ова, подвлекол Битиќи, е јасен показател за посветеноста на Владата кон целосна транспарентност на процесите кои се поврзани со инвестициските текови во РСМ како на домашните така и на странските компании.

Во рамки на проектот „Дигитален Западен Балкан“, како што се наведува во соопштението од Владата, соговорничките од Атлантскиот совет– Europe Center, ќе продуцираат извештај за дигитализацијата на Западниот Балкан, кој потоа ќе биде основата за идни предлози за регионална соработка на бизнис секторот со платформи поддржани од државните институции во регионот како и претставување на „добрите политики“ кои веќе покажуваат ефективни резултати.

Дигитализација Јавни услуги Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.