НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари: Предвремени парламентарни избори ДА – по изгласување на уставните измени

0
By Blerina Tahiri on October 18, 2023 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Би било добро ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски да бараат начин да се извлечат од третата стратегиска грешка во врска со евроатланските интеграции. Првата беше антикоманијата кога целиот демократски свет кој беше на страната на Македонија го сврте против, а во земјата потрошија милијарди градејќи фалшиви антички зданија во 21 век. Го бараа изводот од матичната книга на родени на Александар Македонски“ – вели во изјава за „Фронтлајн“, новинарот и политички аналитичар Ерол Ризаов, коментирајќи ја подготвеноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за двојни избори претседателски и парламентарни на 8 мај наредната година.

Ерол Ризаов
Ерол Ризаов

– Втората кардинална грешка беше спротивставување на членството во НАТО со бојкот на референдумот што сега во ек на светските војни се покажува како извонреден историски чин. Тогашните уставни измени ги изгласаа и осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед во кои околности се случи ова гласање тоа е единственото учество на ВМРО ДПМНЕ во процесот на членството во НАТО. Сè друго беше опструкција. И што направија пратениците кои овозможија членство во НАТО, ги прогласија за предавници. И сега последната катастрофа од погрешна политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат Македонија да не ги продолжи преговорите со ЕУ што е веќе предавство на националните и државни интереси и уривање на стабилноста на Македонија од внатре. ВМРО ДПМНЕ ја носи државата во неизвесност ако не се изгласаат уставните измени, вели Ризаов.

Досега, додава тој, ниту една земја кандидат за членство во ЕУ не се блокирала сама и не го попречила тешкиот пат на реформи за редовно членство во ЕУ.

– Напротив сегде е постигнат партиски и граѓански, национален консензус да се припадне на западноевропското семејство. Затоа мислам дека треба да им се овозможи на политичките шарлатани да се извлечат од оваа будалаштина што ја прават, но не на начин како што предлагаат кршејќи ги законските одредби. Предвремени парламентарни избори ДА, но по изгласување на уставните измени. Додека пак претседателските по слово на законот. ВМРО-ДПМНЕ сега зборува тоа го прави за да се избегне наводно уставна криза ако нема доволна излезност или има бојкот. Тоа го зборуваат откако ја буткаат со години Македонија во безизлезна ситуација доведувајќи го во прашање опстанокот на државата и нејзините најголеми приоритети да биде не само географски туку и демократски, културен и економски дел на Европа кај што припаѓа, нагласува тој.

Според него, лажни се нивните пароли дека и тие се за Европа и членство во ЕУ.

– Ако се за тоа не треба да будат пречка за изгласување на уставните промени. Не се работи за бугарски диктат, туку за предавство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на државните интереси. Вината на власта ќе биде голема ако тоа не го спречи. Ги има во раце сите механизми кога се во прашање попречувањето на државните интереси, подвлекува Ризаов.

Дритон Зенку

Политичкиот аналитичар и новинар Дритон Зенку вели дека ако се следат изјавите на Мицкоски, излегува дека имаме работа со политичар кој нема доследност во своите политички позиции.

– Ако се распишат предвремени избори, тогаш се согласува со уставни измени. Ако ова е така, ги поддржува уставните измени, тогаш треба да се повлече од политиката. Случувањата во ВМРО-ДПМНЕ очигледно како да влијаат на неговите ставови. Во моментов на Мицковски не му одговараат предвремени избори поради поделби внатре во партијата. Мицковски како да чека да се случат уставните измени со поддршка на некои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, па да го покаже прстот на предавството кон Никола Груевски за поделба на пратеничката група со кого ја делат половина од поддршката во партијата, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

Џелал Хоџиќ
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ, претседател на Странката на Демократска акција на Македонија (СДА) – констатира дека, како што вели, нашата опозиција, предводена од ВМРО ДПМНЕ, има идеја дека треба да ги стопира европските интеграции и остварувањето на стратешката цел на државата – членство во ЕУ, со верување дека таквата политика ќе ги донесе на власт на следните избори, кога и тие да се случат.

– Тргнувајќи од ова размислување, опозицијата се надева дека евентуалните предвремени парламентарни избори ќе донесат дополнителен ветар во грб на нивната идеја дека со блокирањето на стратешката цел на државата ќе доведе до пораз на проевропската коалиција. Одговорот на оваа неодговорна политика, која поради партиски рејтинг има за цел да сопре стратешка цел на државата, би требало да биде дополнителна кохезија, поголема координација и мобилизирање на проевропските сили во проевропскиот блок, со цел да не влеземе како држава во нова изолација и да изгубиме уште една деценија, како што тоа ни се случи после НАТО самитот во Букурешт во 2008 година. Секое одлагање на решавањето на предизвиците денес, ќе значи поскапа цена за нашето општество во иднина. А ние немаме алтернатива на патот кон ЕУ, вели Хоџиќ за „Фронтлајн“.

„Не на 5 мај – Велигден, туку на 8 мај во среда да има споени парламентарни и претседателски избори втор круг во редовен термин“ – ова сценарио го предлага лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој повика на консензус со власта.

– Потсетува дека последните парламентарни избори се одржаа сред седмица и затоа денот не треба да се спори, а во овој случај тоа е последниот термин да се гласа за претседател кој потоа би ја презел функцијата во рамки на законскиот рок- на 12 мај, потенцирал Мицкоски.

Од владејачката СДСМ смета дека двата изборни циклуса треба да бидат одвоени, но отворени се за разговор околу термините, додека Собранието, пак, сè уште нема информација кога би се одржала средба на работните групи кои би разговарале за изборните термини и останатите активности поврзани со изборите.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

аналитичари ВМРО-ДПМНЕ избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.