НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен „Дајмонд мол“ – Инвестиција од 350 милиони евра и нови 1.000 работни места

0
By Ана Василевска on October 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 150 продавници на познати меѓународни брендови, Гурманска авенија и уникатна Зона на соништата, како дел од „Дајмонд мол“ („Diamond Mall“), новиот шопинг мол во срцето на Скопје, денес ги отвори вратите за посетителите.

На свеченост, по повод отворањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, Нихат Оздемир, почесен претседател на групацијата „Лимак“, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција, домашни бизнисмени и многубројни гости кои имаа можност од прва рака за се запознаат со содржината на  овој уникатен објект.

Како што посочи почесен претседател на групацијата „Лимак“, Нихат Оздемир, станува збор за еден од највозбудливите чекори од проектот „Дајмонд оф Скопје“, со згради, хотел, канцеларии и трговски центар.

„’Дајмонд мол’ кој се простира на48 илјади метри квадратни и кој денес ги отвора вратите за посетителите го сметам за инвестиција која ќе ја живне економијата и ќе придонесе за отворање нови работни места не само за Скопје туку севкупно ќе даде импулс и на економијата на земјата и на Балканот“, рече Оздемир.

Тој додаде дека со шопинг избор со над 150 меѓународни брендови, Гурманската авенија која на гостите ќе им нуди разни кулинарски вкусови како и со Зоната на соништата, прва на Балканот наменета за деца и млади која се простира на 3.500 метри квадратни и која ќе ги спои учењето и имагинацијата на едно место, „Дајмонд мол“ со овој уникатен концепт ќе биде многу повеќе од трговски центар, ќе биде еден лајф центар.

„Трговскиот центар за чија инаугурација сме денес собрани е последната алка од проектот ‘Дајмонд оф Скопје’ чија проектна вредност достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори“, рече Оздемир, додавајќи дека со хотелот со капацитет од 142 соби отворен, отворен во април 2022 година и кулите со 772 резиденции и 24 хоум офиси, кон крајот на 2024 година ќе биде заокружен проектот „Дајмонд оф Скопје“.

Молот располага со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност од кој било дел на централното градско подрачје.

Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанаккале) 1915, кој е најдолг висечки мост во светот, меѓународниот аеродром во Кувајт, хидроцентралата Јусуфели, трета по големина брана во светот откако ќе биде изградена, како и многу други. „Лимак“ беше рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година. (М.Ј.)

Преземено: Независен

Фото: Борис Грданоски

Tags: „Дајмонд мол“отварањеработни места
Дајмонд мол Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.