Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за филм: ДКСК конструира невистини, наместо да се занимава со спречување на корупција

0
By Ана Василевска on November 20, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2023 14:41

„Зошто ДКСК не започнува да процесуира ниту една претставка поврзана со Банана Филм,
Сенка Филм и Милчо Манчевски иако претседателот на ДКСК јавно вети дека ќе се
занимава со корупција во висина од 950.000 евра? Дали на тоа се должи оваа хајка
против мене?“, вели Бојан Лазаревски. 

За притисокот кој долго време се врши од страна на режисерот Милчо Манчевски кон институцијата Агенција за филм на РСМ, а во кој постојат основани сомневања дека ги користи своите лични контакти преку Транспаренси интернешнл како и ДКСК медиумите пишуваа пред неколку месеци.

По повод невистините изјави на ДКСК, дека имало незаконитости во работењето на
Агенцијата, директорот на Агенцијата за филм на РСМ Бојан Лазаревски во сооштението испратено до јавноста вели дека сите наоди се извадени од контекст и се однесуваат на времето кога тој не бил директор на оваа институција.

„Во целост ги отфрлам сите невистинити и паушални обвинувања од страна на ДКСК како
тенденциозни и неосновани. Станува збор за наоди кои се невистинити, наоди извадени
од контекст или наоди кои се однесуваат на време во кое јас воопшто не сум бил директор
на Агенцијата за филм.

Тој појаснува дека  последното вработување во Агенцијата за филм на РСМ е во 2017 година,
кога директор на Агенцијата било друго лице.

„За 2021 и 2022 се поднесени барања за вработување во Агенцијата и за истите Агенцијата добила негативен одговор. Дополнително, исплата и склучување договор за изработка на стратегија за филм е
потпишано и исплатено во 2018 година од страна на претходниот директор. Јас како сегашен директор никогаш не сум бил директор на друга Јавна установа за да може да се тврди дека сум вработувал свои блиски роднини во таквите јавни установи. Како човек и функционер, не можам да разберам дека претседателката на органот кој треба да се занимава со спречување на корупцијата, изнесува тврдења базирани на конструкции и невистини.“, вели Лазаревски.

Што се однесува до останатите забелешки Лазаревски вели дека соработката и финансирањето на здруженијата од областа на филмската дејност се во согласно одредбите од Законот за филмска дејност, и
забелешките и препораките по однос на ова прашање во Извештајот на ДЗР не ја
доведуваа во прашање ваквата законитост и постапување на Агенцијата за филм.

„Несериозно и тенденциозно е коментирањето на извештај на ДЗР и вадење од контекст
на препораки дадени во истиот извештај во услови кога Агенцијата за филм во целост
постапила по препораките дадени од ДЗР, и тоа во Законски предвидениот рок од 90
дена, и за кое нешто е известена и ДЗР и Владата на РСМ. Веќе подолго време органите на управување и овластениот застапник, и институцијата стојат понастрана од јавноста, оставајќи им на институциите на системот да ја вршат непречено својата работа. Но, по ваквите обвинувања, мора да се постават прашања:
Зошто ДКСК не започнува да процесуира ниту една претставка поврзана со Банана Филм,
Сенка Филм и Милчо Манчевски иако претседателот на ДКСК јавно вети дека ќе се
занимава со корупција во висина од 950.000 евра? Дали на тоа се должи оваа хајка
против мене? “, стои во соопштението на Лазаревски.

Лазаревски потенцира дека постои обид за „замајување на јавноста во однос на предметите покренати за продуцентската куќа на Милчо Манчевски.

„Во интерес на јавноста сакам да информираме дека наспроти замајувањето на јавноста
од страна на Манчевски, Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Агенцијата за филм,
како основана. Со ова е јасно дека во случаите на продукцијата на Манчевски постојат
незаконитости и тоа не може да се сокрие и е потребно е потврдување на овие
незаконитости од страна на институции и овластениот гонител во РСМ.
Несериозно и неетичко е ваквото дискредитирање на Агенцијата за филм и нејзината
работа од страна на ДКСК во момент кога филмската дејност со помош на работата на
Агенцијата за филм на домашно и меѓународно ниво има најголеми достигнувања до сега.
Веруваме во институциите и во почитување на законите кои важат во нашата земја.
Истите закони треба да важат за сите, без разлика дали некој бил филмска ѕвезда или не.“, заклучува Лазаревски.

За притисокот кој долго време се врши од страна на режисерот Милчо Манчевски кон институцијата Агенција за филм на РСМ, а во кој постојат основани сомневања дека ги користи своите лични контакти преку Транспаренси интернешнл како и ДКСК медиумите пишуваа пред неколку месеци.

Манчевски имаше обид да ја компромитира и државата со лажните информации кои ги пласираше до филмскиот фестивал во Венеција.

 

 

Агенција за филм на РСМ ДКСК Милчо Манчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.