Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Обезбедени средства за терапија за пациентите со цистична фиброза

0
By Marija Todorovska on December 21, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 21, 2023 14:06
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести д-р Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар, денеска одржаа заедничка прес-конференција за која информираа дека лекот Трикафта е пристигнат на детската клиника.
На прес-конференцијата, министерот Меџити истакна дека секогаш се залагал сите потреби во однос на лекови, дијагностика, помагала, нешто што е секојдневна потреба на пациентите да бидат решени колку што може побрзо – веднаш, а бирократските препреки не смеат и не треба да бидат причина за здравјето на граѓаните.
„Лекот Трикафта е веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Со 100 милиони денари набавена е терапија за следните месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија. Пациентите со цистична фиброза, етапно се вклучуваат на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација, се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од страна на Стручна Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање“, рече Меџити.
Директорката Нацева-Фуштиќ информираше дека последната деценија доживуваме револуција во третманот на цистичната фиброза со откривањето и воведувањето во терапијата на CFTR модулаторите, посебно од 2019/20 година со високо-ефикасните CFTR модулатори – Kaftrio/Tricafta.
„Годинава, почнавме со терапија кај 12 пациенти кои имаа најтешка експресија на белодробната болест и најслаба белодробна функција. Со дополнителниот буџет од Министерството за финансии и одобрен Условен буџет од Фондот за здравствено осигурување на Универзитетската клиника за детски болести (како носител на набавката), обезбедени се уште 102 дозажни форми од лекот, со кој ќе се овозможи продолжување на терапијата кај 12-те пациенти кои веќе се на терапија со Kaftrio во комбинација со Kalydeco и постепено ќе вклучуваме по 7 пациенти на 10 дена, според листата на приоритети испратена до клиниката од Министерството за здравство, а подготвена од стручен тим одреден од Министерот за здравство“, посочи Нацева-Фуштиќ.
Претставникот од АЦФ Гаспар се заблагодари на директорката Фуштиќ и на министерот Меџити за тоа што бил постојано достапен и транспарентен информациите кои се од клучна важност на пациентите.
„Можам да кажам дека за релативно краток период покрај сите настани, покрај сите залагања и од страна на пациентите и институциите можеме да кажеме дека за 2024 и 2025 ќе се обезбеди модуларна терапија за сите пациенти над 12 години коишто им е потребен овој лек. Мислам дека голема бројка на пациенти и родители ќе бидат мирни и ќе знаат дека не треба да стравуваат за животот на своите деца и самите нив, успеа да се обезбеди лек за пациентите“, изјави Гаспар.
Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.
здравство терапија трикафта Фатмир Меџити цистична фиброза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.