НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Естонија ќе одвои 0,25% од БДП за одбраната на Украина во следните четири години

0
By Marija Todorovska on January 9, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 2022 година, Естонија ѝ обезбеди на Украина воена помош во вредност од речиси 0,5 милијарди евра и ќе издвои 0,25 отсто од својот бруто домашен производ за оваа намена во следните четири години, изјави премиерката на Естонија Каја Калас на прес-конференција, пренесува ЕРР.ее.

„Придонесот на Естонија во победата на Украина ќе биде 0,25 отсто од БДП во следните четири години. Ако секоја земја придонесе со 0,25%, тоа е она што и треба на Украина за да победи во оваа војна“, рече Калас, повикувајќи ги другите земји да го следат примерот.

Шефицата на естонската влада додаде дека од 2022 година, Естонија веќе и обезбедила на Украина воена помош во вредност од речиси 500 милиони евра. „Ова е исто така неопходно за да се обезбеди нашата безбедност“, нагласи таа.

Според неа, во наредните години Естонија ќе издвојува и 14 милиони евра годишно за обновување на Украина и соодветни решенија.

Предходно, и Шведска објави дека обезбедува околу 5 милиони долари на Доверливиот фонд на НАТО за сеопфатен пакет помош (CAP) за Украина, кој ќе се користи за воена помош за Украина, ја пренесува Укринформ објавата на  Амбасадата на Шведска во Украинана на платформата за социјалните мрежи Икс.

„Шведската влада ќе обезбеди 50 милиони круни на фондот за помош на НАТО за Украина. Оваа помош ќе се користи за набавка на воена опрема, лекови, гориво, деминирање и обука на персоналот“, соопшти амбасадата.

Драган Мишев / Цивил Медиа

БДП Естонија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.