НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување на Светскиот економски форум: Мнозинство од испитаниците предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи

0
By Marta Pesevska on January 10, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резултатите од новото истражување на Светскиот економски форум укажуваат на главно негативни изгледи за светот на краток рок и очекување за влошување на долг рок.

Мнозинството од испитаниците (54 отсто) предвидуваат одредена нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи, 27 отсто сметаат на поголеми турбуленции, додека три отсто очекуваат глобалните ризици од катастрофи да се материјализираат на краток рок, се наведува во извештајот за глобални ризици за 2024 година што денеска го објави Светскиот економски форум.

Извештајот е објавен пред годишниот самит на Светскиот економски форум во швајцарскиот зимски центар Давос од 15 до 19 јануари. На форумот ќе учествуваат повеќе од 2.800 лидери од 120 земји, меѓу кои и 60 шефови на држави или влади.

Извештајот за глобалните ризици ги претставува наодите од Глобалното истражување за перцепција на глобалниот ризик 2023-2024 година, која беше спроведена во септември и опфати 11.000 испитаници.

Само 16 отсто од испитаниците ширум светот очекуваат стабилна или мирна ситуација во следните две години. Во исто време, за период од десет години, 63 отсто очекуваат турбулентно време, а помалку од десет отсто очекуваат мирна или стабилна ситуација.

Извор: МИА

истражување Светски економски форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.