Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинскиот град Харкив се подготвува да го отвори своето прво подземно училиште

0
By Marta Pesevska on January 10, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 10, 2024 18:23

Градот Харкив во Источна Украина, кој редовно е цел на руските напади, во март ќе го отвори своето прво подземно училиште, јави ДПА.

Изградбата на училиштето во индустриската зона на градот се одвива според планот и покрај непријателскиот оган и студената зима, напиша денеска во „Телеграм“ градоначалникот Игор Терехов.

Веќе се изградени првите бетонски потпорни конструкции. Сега се работи на изолација, вентилација и водовод и канализација, рече градоначалникот.

Има и прелиминарни планови за изградба на уште едно подземно училиште во централниот кварт на градот.

Во градското метро функционираат близу 65 импровизирани училници. Во моментов на овој начин барем делумно се образуваат околу 1.000 основци.

Според властите, само околу 40 отсто од повеќе од 110.000 студенти сè уште остануваат во Харкив. Голем број од нив побегнале во странство, а многу од оние кои ја напуштиле земјата студирале од далечина во нивните претходни училишта.

Украина се бори против руската инвазија повеќе од 22 месеци. Харкив, вториот најнаселен град во Украина, се наоѓа на само 30 километри од руската граница и редовно е цел на руски ракетни напади, јави ДПА.

Извор: МИА

подземно училиште Харкив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.