Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски, Шварц и Дакот од Вашингтон: МВР успешно ги спроведе сите проекти на ИЦИТАП програмата на САД, продолжува стратешкото партнерство

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2024 10:22

инистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, остварил средба со заменик помошник на Јавниот обвинител на САД, Брус Шварц, и извршен директор на ИЦИТАП, Грегори Дакот, во Одделот за правда на САД, соопштија денеска од МВР.

Истакнувајќи дека правдата и внатрешната безбедност се столбови на секое стабилно демократско општество, Спасовски нагласил дека во овој дел поддршката од САД е од огромно значење.

– На овој пат за Република Северна Македонија, поддршката и соработката со Одделот за правда на Соединетите Американски Држави, особено преку ИЦИТАП – Меѓународната програма за обука и помош во криминалистички истраги, се од клучно значење во нашите заложби за градење цврсти, граѓански ориентирани полициски институции, истакнал Спасовски, наведувајќи дел од проектите и обезбедени донации и обуки, општи и специјализирани полициски курсеви, за повисоките и раководни полициски службеници, патролни полициски службеници, како и помошниот персонал, вработени во Бирото за јавна безбедност, примарно во организиран криминал, компјутерски криминал и дигитална форензика.

Како што стои во соопштението од МВР, Спасовски се заблагодарил за донацијата за реновирање на полициски објект во Скопје, а особено за спроведувањето на проектот за носење мобилни камери за потребите на сообраќајната и во граничната полицијата. Овој проект, нагласил тој, е многу важен за нас како полиција и Министерство за внатрешни работи кој прерасна во препознатлив превентивен механизам во борбата против корупцијата. Притоа, тој го информирал Шварц за напредокот на МВР во борбата против корупцијата.

– Со големо задоволство можам да Ве информирам дека во таа насока имаме одличен напредок во откривачката дејност во борбата против корупцијата и тоа: само во изминатава 2023 година откриени се над 64 коруптивни злоупотреби, 121 кривично дело, со вкупно 178 сторители, за причинета материјална штета од над 350 милиони денари, рекол Спасовски, заблагодарувајќи им се на сите колеги и персонал на Програмата ИЦИТАП, обучувачите и координаторите, до службениците кои секојдневно го применуваат стекнатото знаење, како и до Шварц за поддршката изминативе децении.

Заменик помошникот на Јавниот обвинител на Соединетите Американски Држави, Брус Шварц, изразувајќи чест и почит кон министерот Спасовски рекол дека особено е горд што изминативе години работат со него и благодарение на клучното лидерство и посветеност на министерот Спасовски оваа  соработка е на исклучително  ниво. На ова, како што стои во саоопштението, директорот на ИЦИТАП Дакот се надоврзал дека посебно се радува што во овој изминат период сите започнати проекти на ИЦИТАП програмата на САД се навремено и успешно спроведени во рамки на МВР.

– Нашето стратешко  партнерство изминативе 30 години е надградено и претставува пример за сите останати. И во иднина ви стоиме на располагање да помогнеме со експерти и размена на искуства во спроведување на сите проекти во борбата со корупцијата, рекол Шварц, се наведува во соопштението од МВР.

ИЦИТАП МВР Оливер Спасовски САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.