Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: ЕУ останува посветена на зајакнување на образовните системи на Западниот Балкан

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2024 09:28

Образованието е клучно за економскиот и социјалниот развој на земјите партнери кои граничат со ЕУ и за зајакнување на нивните врски со Унијата, пред се на државите кои се дел од процесот на проширување на блокот, посочува Европската комисија по повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари.

– Затоа, ЕУ ќе продолжи да се ангажира, како приоритет, со земјите од регионот на Западниот Балкан, Турција и соседството за зајакнување на образовните системи, справување со неусогласеноста на вештините со пазарот на трудот и зајакнување на заедничката соработка со образовните институции, вклучително и мобилноста на учениците и наставниците, додава ЕК.

Во изјава по повод 24 јануари високиот претставник на Европската комисија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел нагласува дека образованието и доживотното учење се од суштинско значење за постигнување праведен и одржлив развој и за справување со нееднаквоста, преку дијалог, солидарност, меѓусебно разбирање, соработка и родова еднаквост, но во исто време тие се и клучни за заштитата, одржувањето и градењето на мирот.

– Образованието им овозможува на поединците и општествата да опстанат, напредуваат и да бидат подготвени за предизвиците и можностите на 21 век. Заедно со уметноста и културата, тоа ги проширува хоризонтите, дозволувајќи им на луѓето, особено на младите, да размислуваат, да се залагаат и да градат различни иднини, нагласува Борел.

Според него, образованието игра и клучна улога во градењето и зајакнувањето на врските меѓу луѓето и носи надеж и заштита на оние кои се погодени од хуманитарни кризи и принудно раселување.

Растечката и забрзана примена на новите ИКТ технологии во речиси сите сегменти од општеството, особено дојде до израз во образованието кое треба да ги подготви младите за дигиталната ера – оп

– Особено ќе продолжиме да работиме за секое дете и секој млад човек да можат да имаат пристап до образованието, без разлика кој се и каде живеат, надградувајќи ги заложбите на Европската година на млади 2022 година. ЕУ, исто така, промовира пристап за доживотно учење за сите, во согласност со Европската година на вештини во 2023 година, смета Борел.

Тој нагласи и дека позитивните ефекти од образованието може да се максимизираат само преку еднаквост и вклучување во образовни системи со добро ресурси кои се погодни за иднината, дозволувајќи им на сите да го исполнат својот потенцијал.

– Внатре во ЕУ продолжуваме да го градиме Европскиот образовен простор како наша долгорочна, заедничка визија за секторот за образование и обука. Соединувајќи ги 27-те земји членки, тој има за цел поотпорни, инклузивни и идни системи за образование и обука за сите, во перспектива за доживотно учење. Како глобален шампион за трансформација на образованието, ЕУ е исто така посветена на постигнување на Целта 4 за одржлив развој – Квалитетно образование на глобално ниво, додава Борел.

Високиот претставник на ЕК, нагласува дека во согласност со својот Младински акциски план за надворешната акција, ЕУ го зголеми финансирањето за образованието од седум на најмалку 10 отсто, преку билатерални и регионални програми и глобални иницијативи.

– Иницијативите на ЕУ, како што се Еразмус+ и програмата Едукација за развој и подигање на свеста (ДЕАР), исто така, промовираат образование за глобално граѓанство. Тие им овозможуваат на поединците на стекнат стручност, вештини и издржливост неопходни за да се движат низ периодите на несигурност, критички да размислуваат за нивното место во светот и солидарно да реагираат и да дејствуваат, додава Борел во пораката по повод Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари.

За Би-Би-Си дел од нив изјавија дека се очајни што им е забрането да се вратат на училиште.   -Се изгледа прилично мрачно, изјави една од нив.

Според Еврокомисијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, иако пристапот до образование е основно човеково право, сепак ширум свето, повеќе од 250 милиони деца и млади не одат на училиште, а дел од оние кои посетуваат настава не стекнуваат основни вештини како што се читање и пишување.

– Потребни се дополнителни 44 милиони квалификувани наставници за да се постигне универзално основно и средно образование до 2030 година. Од клучно значење е да се инвестира во градењето на образовни системи соодветни за иднината и за надоместување на пропуштеното образование во согласност со обврските преземени на Самитот на ОН за трансформирање на образованието во 2022 година, додава ЕК.

Комисијата потсетува и дека ЕУ ги зголеми своите инвестиции во образованието во странство и останува подготвена тесно да соработува со партнерските земји во исполнување на нивните обврски.

– Институциите на ЕУ и земјите членки заедно се донатори на повеќе од половина од целата помош за образованието ширум светот, поддржувајќи го образовниот сектор во повеќе од 100 земји. Во периодот 2021-2027 година, Европската комисија ќе одвои најмалку 10 отсто од буџетот за меѓународни партнерства во образованието со Африка, Латинска Америка, Карибите, Азија и Пацификот. Фокусот е на квалитетни наставници, животни и работни вештини на 21 век, инклузивни и правични образовни системи подготвени да ги поддржат дигиталните и зелените транзиции, стручното образование и обука водени од можности и високото образование и мобилност, посочува извршното тело на ЕУ.

Според Еврокомисијата, ЕУ останува предводник на меѓународната мобилизација за образованието, одвојувајќи 10 отсто од буџетот за хуманитарна помош за образованите системи и за поддршка на безбедно, инклузивно и квалитетно образование за милиони деца погодени од хуманитарни кризи и конфликти, при што само во 2023 година за таа цел се наменети над 162 милиони евра.

Европска комисија ЕУ образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.