НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лица од МВР, судови, јавни обивнителства, министерства биле соработници на криминалната нарко-група

0
By Marta Pesevska on January 25, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Оливер Спасовски
Оливер Спасовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лица од повеќе државни институции, вклучувајќи го и МВР, соработувале со криминалната нарко-група која веќе е разбиена, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според него, утврдено е кои се лицата и тие не доаѓаат само од МВР, туку некои се и од други министерства, судови, јавни обивнителства.

-Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секого. Има иновлвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министертства и во судови, и во јавни обивнителства,… Затоа реков, можеби ќе се зачудите во нардениот период, но тоа еднаш мора да излезе на виделина и да се покаже кои се тие кои во одреден момент велеа „држете го крадецот“, истакна Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања откако претходно информира дека криминалната нарко-група броела 16 лица од кои седум се веќе уапсени, а и останатите ќе бидат лишени од слобода.

Спасовски потенцира дека борбата против криминалот не е работа на позиција или опозиција, на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ и независно од техничката влада, како што рече, неговите колеги од МВР ќе продлжат интезивно да работат на разоткривање на секој случај и на секој човек вклучен во криминална активност.

-Истрагите, борбата против криминалот и откривањето на кривичните дела не се работа на позиција или опозиција и тука не ме интерсира ни СДСМ, ни ДУИ, ни ВМРО, ни кој било друг. Ме интерсираат колегите кои работат. Целиот тим на МВР работеше со години за да дојдеме до ваков резулат. Немам никаков сомнеж дека тие колеги ќе продлжат интезивно да работат на разоткривање на секој случај и на секој човек вклучен во криминална активност, така што, не технички, светитехнички влади нека има, овој процес не може да го стопира никој жив, подвлече министерот. 

 

криминал МВР Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.