Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади луѓе од Тирана ставија венец на Уставниот суд по одлуката за договорот за мигранти

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2024 13:53

Група млади луѓе од Лежа, каде треба да се изградат прифатни центри за мигранти, ставија венец на Уставниот суд во Тирана со порака „уставноста е мртва”.

Тоа доаѓа откако судот вчера, со пет гласови „за” и четири против, одлучи дека договорот меѓу Албанија и Италија за мигранти е во согласност со Уставот.

Со одлуката на Уставниот суд се отвора патот Парламентот на Албанија да го ратификува договорот, кој еднаш беше ставен на дневен ред, но беше повлечен откако судот го суспендира.

На одлуката на судот реагираше координаторот на пратеничката група на Демократската партија Газмент Барди, кој на објава на социјалната мрежа „Икс“, напиша дека „одлуката не е изненадување” и оти „Уставниот суд ја изгубил можноста да ја подели правдата по ова прашање”.

Универзитетскиот професор и пратеник на Демократската партија, Тритан Шеху, оцени дека одлуката е „сценарио подготвено од премиерот Еди Рама”.

– Ова е игра на Рама и тоа поради две причини, првата за да покаже дека имаме независно судство, откако Уставниот суд го зеде предметот на разгледување и ја одложи ратификацијата во Парламентот за неколку недели и вториот да покаже дека договорот е целосно во согласност со Уставот. Договорот на сите им е јасно како ден дека е во спротивност со Уставот, изјави Шеху за euronews.al.

Договорот на 6 ноември во Рим го потпишаа премиерите  Еди Рама и Џорџа Мелони и со него се предвидува изградба на центри за мигранти во околината на Лежа, поточно во пристанишниот град Шнѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена, воена база, во кои треба да се сместуваат најмалку по три илјади бегалци месечно, односно 36 илјади годишно, кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанскиот брег.

Испитување на уставноста побараа 30 демократски пратеници.

Инаку, Долниот дом на италијанскиот Парламент на 24 месецов го ратификуваше договорот и треба да го одобри италијанскиот Сенат.

венец Мигранти Тирана Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.