Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата, бара бизнисот

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2024 15:15

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии.

Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.

-Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.

Според него, земјава е мала и има потреба за  специјализирани кадри.

-Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.

Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура

азески буџет образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.