НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи од Рим: Јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, учествувал на состанокот на министри за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан”, што се одржа во Рим, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, соопштија денеска од МНР.

– Поставувањето на јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата, нагласил Османи во обраќањето на сесијата Заедничка работа за „Забрзување на евроинтегративниот процес на Западен Балкан”

Во таа насока, стои во соопштението, тој се осврнал на концептот „Повеќе интеграција пред полноправно членство”, нагласувајќи дека истиот е комплементарен со Планот за раст за Западен Балкан при што, покрај подобрувањето на демократските процеси, економската и безбедносна состојба на земјите од Западен Балкан, би придонел и за значително унапредување на отпорноста и зајакнување на заедничкиот одговор кон споделените предизвици.

Заблагодарувајќи се за иницијативата на италијанските домаќини и поддршката на земјите пријатели на регионот, министерот Османи апелирал дека во дадениот геостратешки и регионален контекст потребата од стратешко размислување и делување е поголема од било кога претходно.

– Потребно е сите заедно да ги удвоиме нашите напори за искористиување на полниот потенцијал на она што во моментов ги имаме на располагање, но и да ја задржиме амбицијата за дополнително унапредување и забрзување на интеграцијата на среден рок. Тоа ќе вбризга свеж ентузијазам за земјите и граѓаните во регионот и ќе го подобри кредибилитетот на пристапниот процес, рекол Османи, се додава во соопштението од МНР.

Во рамки на престојот во Италија, Османи имал средба и со новите носители на МКарта.

Бујар Османи ЕУ Западен Балкан МКАРТА Рим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.