НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Србите во Северна Митровица протестираат за динарот; про-воени графити на северот на Косово; Албанците највеќе му веруваат на СПАК

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните од српско етничко потекло заедно со Српска Листа денеска на пладне ќе протестираат против регулативата на Централната банка на Косово за прекин на оптекот на динарот во земјата.

На северот на Косово се појавија графити „Кад се војска на Косово врати“, како пред нападот во Бањска, за што реагираат косовските политички аналитичари.

КОСОВО

РТВ 21: Српската листа заедно со српските граѓани протестираат  поради регулативата на ЦБК

Српската листа ги повика сите граѓани од оваа заедница, денеска на пладне  да протестираат во Северна Митровица.

Организацијата се противи на одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на валутата динарот како платежно средство.

„Српска листа“  ги поддржува протестите во Северна Митровица, предупредија од здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите граѓани од Косово да учествуваат на овој демократски протест против одлуката на режимот во понеделник на 12 февруари од 12:00 часот во Приштина до стоп за динарот и плаќањата“, се вели во соопштението на Српска листа, пренесе РТВ21.

Албеу – Експертот алармира за про-воените графити во Косово: Такви се појавија и пред нападот во Бањска, Западот спие

Денеска во четирите северни општини на Косово, на ѕидовите се забележани испишани графити со заканувачки пораки: „Кога војската ќе се врати на Косово… Северната бригада е жива“.

Безбедносниот експерт Агим Муслиу на социјалните мрежи реагираше на нереагирањето на меѓународните институции и на последиците од игнорирањето на ваквите пораки.

Тој напиша: „Вчера, заканата до премиерот на Косово, која откако беше разоткриена, наводно беше доведена во прашање дали е вистина од Србија, Северна Македонија и дел од Албанците. Денеска графити: „Северната бригада е жива“ и „Кога војската ќе се врати на Косово“, како пред 24 септември, агресијата во Бањска, пренесе Албеу.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб- Безбедносни експерти: Борбата против дрогата во училиштата во Албанија не бара само полициска интервенција

Во Албанија, полицијата неодамна во големи операции ги погоди мрежите за дистрибуција на дрога во училиштата.

Според експертите, апсењата на неколку стотици луѓе покажуваат дека голема употреба на дрога се случува не само во главниот град, туку и во малите градови низ земјата. Безбедносните експерти ја ценат полициската операција, но велат дека комплексен третман на оваа појава е потребен и од другите институции, особено јавното здравство, пренесе Балкан Веб.

Газета Тема – Барометар: СПАК, најдоверлива институција во Албанија

Граѓаните во Албанија покажаа зголемена доверба во Специјалното обвинителство на СПАК.

Последнава е рангирана како прва албанска институција на која граѓаните имаат доверба.

Според истражувањето на барометарот на Еуроњуз Албанија, само странските дипломатски штабови го надминуваат СПАК за кредибилитет во земјата, додека сите други институции, вклучително и верските, претседателот, Владата, локалната власт, полицијата или медиумите, се оставени. позади..

Поточно, бројките покажуваат дека во февруари 2024 година, 33,6% веруваат во СПАК, со значително зголемување од ноември 2022 година, кој изнесува 12,2 и ноември 2023 година, со 26,16%, пренесе Газета Тема.

КОЛУМНА

Сури: Блинкен ќе седи на ослободено столче

„Доколку реши да се сретне со претставниците на ДЕА кои се стационирани во Тирана, од каде бараат албанските граѓани да го осудат криминалот и поврзаноста со политиката, сигурно ќе му кажат дека столчето каде што ќе седне Рама за време на средбата со него е оставено празно столче.

Пред него во таа фотелја седеа Саимир Тахири, со кого планираше канабизација на Албанија, како и претставници на мексиканскиот нарко картел Синалоа. Таму седеа  Ерион Велиај и претставници на италијанската мафија кои им ги перат парите во Тирана.“, пишува авторот Чим Пека во колумната „Блинкен ќе седи на ослободено столче“, објавена во Сури.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албанија Албански медиуми Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.