НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Во европската култура која е изградена на највисоките стандарди на мултикултурализам се испреплетени делата на нашите дејци

0
By Marta Pesevska on February 18, 2024 КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своја објава на Фејсбук напиша дека корените на македонската култура во Европа се напојуваат со делото на Светите браќа Кирил и Методиј, кои беа прифатени како покровители на најстариот континент.

„Се напојуваат од Охридската книжевна школа на Св. Климент Охридски и со првите пројави на европското ренесансно сликарство со фреските во манастирите во Нерези, Курбиново и Охрид. Теракотните икони од Виничко Кале претставуваат единствени од ваков тип со непроценливо богатство од археолошка, уметничка и теолошка вредност се постојан интерес на европските музеи. Во европската култура која е изградена на највисоките стандарди на мултикултурализам, интегративен пристап, дијалог, толеранција, почитување и заштита на сите различни култури, се испреплетени делата на нашите културни дејци од мугрите на создавањето на нашата држава“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Европа им се восхитува на Конески, на Шопов, на Горан Стефановски чии драми се поставени на многубројни театарски сцени во Европа. Плејада наши современи автори се дел од книжевното европско небо.

„Сите тие и многумина други се дел од нашето творештво со чија помош го добивме изборот на Скопје за престолнина на културата во Европа за 2028 година. Тогаш под европското и македонското знаме ќе ја подигнеме креативната енергија за да ја рашириме и низ целиот континент. Ги отвораме ширум портите за да ја прегрнеме културата на Европа, како што Европа ја прегрна нашата, за да ја збогатуваме колоритноста на идентитетската карта на Европа со македонската култура, со македонскиот јазик“, истакна министерката.

Таа заклучи дека со тие европски вредности создаваме заеднички културен простор во кој сите се добредојдени.

 

Европа култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.