НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од три во 2019 година, на 24 април се очекува пет кандидати да се натпреваруваат за претседателската фотелја

0
By Marija Todorovska on February 19, 2024 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арбен Таравари од албанскиот опозициски блог на Европскиот сојуз за промени (ЕСП), кој со спојувањето на Алијансата за Албанците беше преименуван од ЕСП во ВЛЕН (ВРЕДИ), ја објави својата кандидатура и амбиција да стане претседател на државата.

Од друга страна, како што дознава „Фронтлајн“ од партиски извори во ДУИ, првичната идеја на Али Ахмети била сите албански партии да поддржат албански натпартиски кандидат за претседател, но со кандидатурата на Таравар – сега и Демократскaта унија за интеграција најавува кандидатура за претседател на Северна Македонија.

Дали актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи или самиот Али Ахмети ќе биде кандидат за претседател ќе одлучат партиските органи на ДУИ кои се очекува наскоро да заседаваат. Но, самиот Ахмети стави до знаење дека оваа партија ќе има свој кандидат.

– Бидејќи беше политизирана кандидатурата за претседател, и ДУИ ќе има свој кандидат, изјави Али Ахмети на свеченоста што се одржа во албанскиот Театар во Скопје по повод 16-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.

Таравари во објава на социјалните мрежи побара противкандидат од ДУИ да му биде Али Ахмети.

– …Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува и граѓаните да одберат кој подобро ги претставува, вели Таравари.

Најголемата партија во земјава, СДСМ, на претседателските избори најверојатно ќе настапи со актуелниот претседател Стево Пендаровски. Но, во листата на кандидати на социјалдемократите се и поранешниот премиер Зоран Заев, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, кои исто така добро стојат со поддршка и во партиските бази, а и во спроведените партиски анкети.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорите Гордана Силјановска Давкова и Александар Спасеновски се сериозни кандидати да настапат на претседателските избори со логото на партијата на Мицкоски. Кандидатурата на еден од овие двајца претенденти или на трет ќе биде официјализирана по партиската конвенција на 2 март.

Во случај Мицкоски да се реши да се натпреварува со поранешната кандидатка за шеф на државата Силјановска Давкова, со која своевремено ги загуби изборите, главен опозициски ривал ќе им биде кандидатката на Левица, професорка Билјана Ванковска.

Споредено со претседателските избори од 5 мај 2019 година – на кои се натпреваруваа тројца кандидати: Стево Пендаровски од Коалицијата на СДСМ, поддржан и од ДУИ на Али Ахмети, Гордана Силјановска Давкова од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и Блерим Река од коалицијата на Албанската опозициска Алијанса за Албанците и Алтернатива, на претседателските избори на 24 април ќе имаме пет кандидати во трката, но не е исклучено и шести да се појави како независен.

Арбен Таравари како заеднички кандидат на албанската опозиција и Билјана Ванковска како кандидатка на „Левица“ се единствените кои јавно ги објавија своите кандидатури за претседател на државата. И двајцата мора да соберат по 10.000 потписи бидејќи немаат доволно пратеници во Собранието.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека во изминатите 18 месеци 18-те комисии на СДСМ со 200 експерти работеа на новата изборна програма 2024-2028. Како што нагласи, програмата ќе има конкретна мерки за економска благосостојба, напредок на општествените процеси и продолжување и заокружување на европската интеграција.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори кампањата започнува на 18 април, а завршува на 6 мај.

Претстојните претседателски избори се седми на кои, од независноста, граѓаните гласаат за шеф на државата, позиција која досега ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.

Како се станува победник

Согласно Изборниот законик, во првиот круг еден кандидат може да стане претседател само ако освоил 50% плус еден од гласовите од вкупниот број гласачи запишани во избирачкиот список.

Во вториот круг излезноста треба да е 40 проценти за да може да се избере претседател.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Арбен Таравари Изборен законик Избори 2024 претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.