Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Авганистан започна нова учебна година – за еден милион девојчиња забранети се училишни клупи

0
By Marija Todorovska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2024 16:33

Во Авганистан е одржана церемонија по повод почетокот на новата учебна година, а на новинарките им беше забрането да присуствуваат на церемонијата поради, како што соопштија властите, „недостиг на соодветни места“.

Иако продолжувањето на образованието веќе трета година е забрането за повеќе од милион девојчиња, министерот за образование Абибула Ага во своето обраќање рече дека Авганистан е фокусиран на подобрување на образованието.

„Министерството за образование се обидува што повеќе да го зголеми квалитетот на верското и современото научно образование“, истакна Ага.

Тој ги повика учениците да избегнуваат да носат облека што не е во согласност со принципите на исламот.

Инаку, Авганистан е единствената земја која забранува образование на девојчиња.

Забраната наметната од талибанците дополнително ја влоши положбата на жените, бидејќи, според УНИЦЕФ, уште пред талибанското владеење, околу пет милиони девојчиња немале настава поради недостиг на капацитети и други причини.

Иако момчињата имаат пристап до образование, невладината организација „Хјуман рајтс воч“ во декември објави дека „злоставувачките“ образовни практики ги повредуваат авганистанските момчиња и дека повеќето квалификувани наставници ги напуштиле училиштата поради „регресивните наставни програми“.

Талибанската влада, по повлекувањето на американските и НАТО трупите од Авганистан, на почетокот вети поблаго владеење, но многу брзо им забрани на жените високо образование, посета на јавни места, како и повеќето работни места.

Авганистан образование Талибанци училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.