НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЦЕНКИ: Конгресот на СДСМ мина во мирна и конструктивна атмосфера

0
By Marta Pesevska on March 24, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одредени медиуми се обидоа да креираат лажен наратив за поделби и фракции, но синоќешниот Конгрес на партијата, сепак, помина во мирна и конструктивна атмосфера, оценуваат во СДСМ. Имало конгреси на СДСМ во минатото кога делегати пуштаа брифови по медиуми и негативни статуси. Овој пат, ништо од тоа, брифираа од Бихаќка.

На синоќешниот конгрес беа потврдени носителите и коносителите на листите за сите изборни единици и сите делегати и членови на СДСМ понудија суштинска дискусија, збивање на редовите. „Синоќа СДСМ како никогаш досега демонстрираше заедништво и одлучност за борба, а сите членови, функционери и симпатизери застанаа зад партијата,“ велат од СДСМ.

Понатаму, извори од партијата информираат дека „имаше овации и пораки за единство за сите носители и коносители на изборните листи, но најсилни беа овациите за претседателот Димитар Ковачевски и ексминистерот за здравство, Венко Филипче.“ Тоа, според нив, само покажува дека во СДСМ нема некакви табори и фракции, туку сите работат со единствена цел.

Партиски извори информираат дека „спиновите за некакви расколи и незадоволства веднаш беа демантирани, токму од прозваните членови на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Каевски и Стефан Богоев, кои истакнаа дека тие се тука за партијата.“ И двајцата потврдија дека не го напуштиле Конгресот и најавија дека СДСМ оди на победа.

Да потсетиме, на синоќешниот конгрес беа избрани 12 коносители на изборните листи. Изборната листа во ИЕ1 ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, додека коносителка е Моника Зајкова од ЛДП. Во ИЕ2, носител е Оливер Спасовски, а коносител е потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Во „тројката,“ носителка е заменик-претседателката на партијата, Сања Лукаревска, додека Љупчо Николовски е коносител. Во ИЕ4, Венко Филипче и Јованка Тренчевска ја водат листата, а во ИЕ5 носител е актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески, додека коносителка е министерката за труд и социјална политика Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во ИЕ6 носителка на листата е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, додека коносител е Агрон Демири.

Исто како и на претходните избори, листите на СДСМ се родово балансирани и водат сметка за претставувањето на младите. Половина од предложените кандидати за пратеници се жени.

Поддршка за изборните листи на СДСМ и коалицијата, освен 12-те носители и коносители дадоа и тие кои се наоѓаат подолу на листите, но повикуваат на силна борба до последен ден во кампањата и победа на 8 мај.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, иако не е носител или коносител на листа, како кандидат за пратеник во ИЕ1 изрази благодарност до членовите и поддржувачите на СДСМ за честа и мотивацијата да биде на листата. Тој порача дека партијата, со сето знаење, сила и моќ ќе води кон победа на изборите, за европска иднина на сите.

Со слична порака настапи и пратеничката Санела Шкријељ, која кажа дека нема откажување од европската иднина, што значи подобри можности за секое дете и младо лице, без разлика каде живее.

На листите за пратеници на СДСМ, повторно има искусен кадар, кој знае како се води држава на европскиот пат, но и со млади луѓе кои сакаат да останат да живеат дома, но во европска држава, а не изолирани. Поради тоа, една третина од 120-те предложени кандидати за пратеници се млади.

М. П. 

Единство листи пратеници СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.