НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот?

0
By Marija Todorovska on April 4, 2024 ИЗБОР
Ерол Ризаов
Ерол Ризаов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има една убава работа и за навивачите и за учесниците на предизборните тв дуели – двете страни експресно прогласуваат победа. Комуникациските експерти, пак, тврдат дека ваквите соочувања немаат големо влијание кај гласачите за да бидат пресудни за изборниот резултат, но се смета дека е значајана демократска придобивка која кај нас не се практикува на сите избори.

По веќе „историските“ телевизиски дуели меѓу Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, подолг период јавните соочувања меѓу лидерите на најголемите политички партии речиси ги снема. Во ерата на владеењето на Никола Груевски повеќе изборни циклуси поминаа без директна јавна дебата меѓу кандидатите за премиерската функција. Груевски, како и сите автократи  избегнуваше јавни соочувања, тргнувајќи од фактот дека секогаш му е полесно на опозицискиот противник да поставува прашања отколку да се даваат одговори за злоупотребите на власта.

Во секој случај, враќањето на јавната сцена на ваквите натпревари, без оглед колкаво нивното влијание е добра вест, особено што овојпат на рингот во Канал 5 гледавме еден прилично пристоен дијалог, со мали „испади“, имајќи ја предвид жестината на судирот и меѓусебните обвинувања и навреди кои беа присутни во целиот период во изминатите седум години и достигнаа до обвинувања за велепредавство на националните и државни интереси. Се разбира, со задолжителната јавна пресуда кој повеќе крадел и лажел – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ задолжителниот коалициски партнер и на двете партии кога биле на власт.

Главната вест од ТВ дуелот е веќе објавена и таа е точна – дека двајцата кандидати и во оваа прилика останаа на своите веќе познати позиции. Ковачевски гледа во иднината, уверувајќи дека коалицијата за Европа по победата на 8 мај и тој како премиер ќе формира влада која до 2028 година ќе ги заврши и реформите и преговорите со ЕУ, а во 2030 Македонија ќе биде членка на европското семејство. Ковачевски прифаќа дека договорените компромиси со соседите  и со ЕУ се тешки, но дека тоа е многу помалата цена што ја плаќа Македонија од нејзиното доцнење поради блокадите и неодлучноста  на ВМРО-ДПМНЕ која ја попречува државата да оди напред кон цивилизираниот свет.

Мицкоски остана на својот познат став лубен-диња, и лубеница и диња, што треба да значи дека и ВМРО-ДПМНЕ е определена за членство во ЕУ, но не под овие услови. Неговата позиција остана и натаму нејасна како ќе успее да ги промени договорените услови кои ја навредуваат гордоста и достоинството на 85 проценти од македонскиот народ. За жал, не уследи прашање што се преостанатите 15 проценти Македонци кои испадна дека немаат достоинство и гордост и веруваат во тоа дека треба да се прифатат уставните измени и да продолжат преговорите со ЕУ.   Дали се тие предавниците на националните интереси. Додека, пак, преостанатите граѓани на Македонија кои не се Македонци и припаѓаат на други националности, во ваквиот предизборен настап со анулирање и на сите други, остануваат како небитни. На Мицкоски му се доволни 85 отсто Македонци да победи на изборите, да ги среди односите со ЕУ и со соседите и да стави ред во државата кој каде припаѓа и колку може да добие од колачот на власта, да ги врати правдата и правото и  да ги затвори криминалците.

Мицкоски излезот од тешката  положба до која стаса Македонија со „предавствата“ на СДСМ и на ДУИ го гледа во продолжување на разговороите со Бугарија и со ЕУ додека не се најде поповолно решение кое нема да го боли него и неговите деца, односно идните генерации. Притоа и за ова не уследи прашањето за  факторот време и последиците што може уште да се загуби со барањето на нови разговори и договори. Тоа останаа неразјаснето, иако Македонија   веќе потроши неколку генерации граѓани чекајќи поповолно решение во односите и со соседите и со ЕУ и со целиот западен свет. Се разбира, изгуби и десетици милијарди евра неповратни средства од европската каса, но многу повеќе од тоа што заостана во сите области во споредба со земјите нови членки пред кои беше Македонија.

Но, додека траат овациите, аплаузите и силните анализи кој оставил подобар впечаток во јавноста по предизборниот ТВ дуел меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, она што ми падна во очи како најважно се две признанија на Мицкоски, кои, претпоставувам, дека се изговорени невнимателно во жарот на дебатата. Во еден момент по излагањето на  Ковачевски дека е зачуван македонскиот јазик и македонската национална припадност и во договорите со соседите и во односите со ЕУ, Мицкоски веројатно со умисла да поентира во својата реплика истакна дека тоа не е никаков успех бидејќи македонскиот јазик и национална припадност се одамна реалност. Мицкоски, по сето она што се случуваше во Македонија изминатите седум години за загрозените идентитетски посебности, констатира дека јазикот одамна е признат од науката и од Обединетите нации и дури и во Атина, и каков е тогаш тој успех.

Откако го слушнав ова, се разбира, сосема точно образложение на Мицкоски, кое сум го напишал илјада пати и на само јас, си реков – „Боже, што прави од луѓето борбата за освојување на власта“. Па, човече, целата ужасна пропаганда за предавство на националните интереси, за јазикот, за северџаните, за изгубениот идентитет, ти се потпираше на откорнатиот јазик, на непризанавањето на македонската националност.

Како сега одеднаш тоа стана одамна завршена работа и не било никаков успех. Па, неуспехот го направивте вие со вашите налудничави пропаганди кои предизвикаа пустош во главите на твоите пребројани 85 отсто Македонци, во кои за голема жал и несреќа влегоа и голем број јавни личности, познати академици, писатели, универзитетски професори, новинари кои здушно станаа во одбрана на јазикот и националната припадност за кои сега тврдиш дека се научна реалност. Какво политичко салто-мортале направи Мицкоски со ова признание треба три пати на ден да се прашаат сите граѓани кои веруваа во загрозата на македонската национална припадност и на македонскиот јазик.

И втората порака која е прилично индиректна и невидлива, но има свое посебно значење, е директното прашање на Мицкоски до Ковачевски дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите СДСМ ќе се приклучи кон македонското национално единство. Оваа покана повеќе ми наликува на молба за консензус кој Мицкоски никогаш не го прифати. Поканата не е толку за национално единство, туку за изгласување на уставните промени кои ќе се шминкаат како голема победа и спасување на Македонија.

Затоа и му се потребни продолженијата на разговорите со Бугарија да добие мала козметика која ќе се прикаже како голем успех, без оглед што нема да добие ниту една суштинска промена освен скапо изгубено време.

Е, за ова е потребен СДСМ и како опозиција колку што беше потребно и ВМРО-ДПМНЕ за да не се соочи Мицкоски со блокади какви што правеше тој и врвот на неговата партија.

Колку време треба уште да помине по изгубените децении за да се сфати во Македонија дека не се можни ни реформите, ни членството во ЕУ без заеднички став на големите политички партии.

Преземено: Независен.мк

Ерол Ризаов Избори 2024 Мицкоски ТВ дуел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.