НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: Преспанскиот договор во предизборните дебати

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчките медиуми ставаат акцент на ставовите во однос на Договорот од Преспа и употребата на името, изразени од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски за време на ТВ дуелот во средата, пренесувајќи го текстот од  државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

„Катимерини“ под наслов „Предизборна конфронтација за уставното име“, во целост го пренесува агенцискиот текст, а дописникот на ЕРТ од Скопје во текстот под наслов „С. Македонија: Конфронтација меѓу лидерите на двете најголеми партии за употребата на уставното име на државата“, ги пренесува ставовите на Ковачевски и Мицкоски.

– Претседателот на владејачката Социјалдемократска партија (СДСМ), Димитар Ковачевски рече дека ставовите на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за уставното име на државата во иднина може да создадат проблеми со Договорот од Преспа поради неговиот тврдоглав став да не се користи новото уставно име на земјата (Северна Македонија). Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето како ќе ја именува државата, дома и надвор, во случај да биде избран за премиер на државата, децидно изјави дека за него името на државата секогаш ќе остане само „Македонија“, објави ЕРТ.

Во продолжение, како и останатите медиуми, ги пренесува изјавите на двајцата лидери, делот во кој Мицкоски вели дека „за него Македонија е и ќе биде Македонија“ и дека „нема да ги промени неговите позиции“ и одговорот на Ковачевски дека „не може да менува позиции, бидејќи тој воопшто нема позиција“.

„Катимерини“ во денешната колумна за најважните настани во и вон Грција, кусо се осврнува и на ТВ дуелот и коментира дека „шест години по Договорот од Преспа, две различни Влади можеа да тврдат дека Северна Македонија веќе престана да биде надворешно-политички проблем, но се чини дека Христијан Мицкоски, претседател на националистичката ВМРО-ДПМНЕ, која – барем според анкетите – лесно ќе победи на претстојните избори во мај, може да ја промени ситуацијата“.

Весникот, паралелно ја цитира и изјавата на Мицкоски во однос на употребата на името.

– Не знам зошто ќе треба ние да го промениме однесувањето, ако ја добиеме довербата од граѓаните. За мене Македонија е и ќе биде Македонија. За тоа нема дилеми, ја пренесува „Катимерини“ изјавата на Мицкоски.

Дополнително, новинарот коментира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „главно на ум ги има преговорите со Софија, која го притиска Скопје да направи разјаснувања за идентитетските прашања“.

грчки медиуми дуел избрна кампања Ковачевски Мицкоски Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.