НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пекинг ја користи терминологијата на Москва: Руската агресија врз Украина ја нарече „украинска криза“

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин ја нарече руската агресија врз Украина „украинска криза“ и рече дека „не може да има победници и губитници“. Терминот „украинска криза“ е неприфатлив за карактеризирање на руско-украинската војна. Украина не е ниту причина ниту извор на кризни феномени во меѓународните односи.

Терминологијата која за употребува Пекинг за руската агресија врз Украина, целосно оди во прилог на наративите на руските пропагандисти. Како што пренесува Укринформ, вистинската ситуација би била поконзистентна со концептот на „руската криза“, бидејќи режимот на Путин беше тој што ја претвори својата земја во извор на нестабилност и закани.

Во војната со Русија, Украина не се натпреварува за ловориките на победникот. Украинците се заинтересирани само за безбедност и правда, но режимот на Кремљ не е подготвен да преговара за овие основни потреби.

Враќањето на стабилен мир е невозможно додека се одобрува агресијата и се прифаќа окупацијата на странски територии.

Москва ја започна војната, а Москва може да ја заврши во секој момент со повлекување на окупационите трупи од Украина и враќање на усогласеноста со меѓународното право.

Како што изјави предходнопортпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер на брифинг во Вашингтон минатата недела, САД остануваат загрижени за зајакнувањето на соработката меѓу Москва и Пекинг и се против какви било чекори на Кина кои би можеле да помогнат во поддршката на руската агресија во Украина.

Според Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон (ISW), преговарачките платформи за решение на војната во Украина кои ги сугерираат Кина и Турција, Кремљ го користи за да ги продолжи своите информативни операции насочени кон обесхрабрување на континуираната меѓународна поддршка за Украина.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Пекинг Русија Руска агресија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.