Украинската амбасадорка во Земјава, Лариса Дир, преку својатат Твитер сметка се заблагодари на Северна Македонија за континуираната поддршка на Украина и за приклучувањето на одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на санкциите против лица и институции за кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина, Молдавија, Босна и Херцеговина како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се приклучија на одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на санкциите против лица и институции за кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Ви благодариме Северна Македонија за континуираната поддршка на Украина!, напиша амбасадорката Дир на Твитер.
Драган Мишев / Цивил Медиа