Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино

0
By Marija Todorovska on May 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2024 11:00

Управниот суд соопшти дека е оформен предмет за тужбата што синоќа ја поднесе Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино и оти итно ги преземат сите процесни дејствија согласно Изборниот законик.

Рокот за одлучување од страна на Управниот суд  е 48 часа по приемот на тужбата.

– Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 28.05.2024 година по поднесенa тужба од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024 против Решение УП1 бр. 10-33 од 27.05.2024 година на  Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр. 95/24. Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик, наведува Управниот суд во објава на веб страницата.

ДИК завчера на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Дик Европски фронт Желино прегласување Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.