НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотоски: Позади нас е железничката станица најпогодена од катастрофалниот земјотрес пред 61 година, СДСМ се наоѓа во многу тешка ситуација и СДСМ има потреба од еден нов почеток

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, денеска пред Музејот на Град Скопје ја најави кандидатурата за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, испраќајќи порака дека партијата е во тешка ситуација и има потреба од нов почеток.

-Позади нас е железничката станица најпогодена од катастрофалниот земјотрес пред 61 година. СДСМ се наоѓа во многу тешка ситуација и СДСМ има потреба од еден нов почеток. Она што го објавуваме денеска една нова програма за нов почеток за нов СДСМ. Веруваме и ќе се залагаме целата наша програма, целиот наш тим ќе работи на тоа исто како што Скопје, успеа да се подигне од пепелта, да се обнови и да стане убав град, така и СДСМ повторно ќе почне и ќе биде нова партија која што ќе обединува, не само своите членови, туку ќе биде партија на сите граѓани, рече Деспотовски.

Како што најави Деспотовски, доколку биде избран за претседател на СДСМ, ќе спроведе нов механизам преку кој партијата ќе дејствува како конструктивна опозиција. Истакна дека ќе формира влада во сенка, за која рече ќе биде опција на граѓаните да размислуваат и да споредуваат.

– Ќе формираме влада во сенка, која што ќе даде своја алтернатива, ќе даде опција на граѓаните да размислуваат и да споредуваат. Ќе бидеме конструктивна опозиција во Собранието, ќе бидеме конструктивна опозиција во државата. Нема да критикуваме по секоја цена тоа е исто така нешто што ќе не разликува од досегашните практики во партијата и во државата. Ќе подадеме рака на секој вклучително на нашите политички опоненти, рече Деспотовски.

Деспотовски ги повика своите противкандидати заеднички да се залагаат за фер изборен процес во партијата, бидејќи, како што рече, само со чист изборен процес Социјалдемократскиот сојуз ќе може да влезе во процес на повторно градење.

– Самата програма нуди многу работи и ние во наредните 20 дена ќе настојуваме да допреме до секој наш член. Она што исто така важно ќе ги поканиме сите проитивкандидати денеска заеднички да се залагаме за фер изборен процес, бидејќи длабоко сум убеден дека само со победа, со чиста и јасна победа во чист изборен јасен изборен процес СДСМ ќе победи на 30 јуни и ќе можеме да влеземе во еден процес на повторно градење на еден нов СДСМ, рече Деспотовски.

деспотовски кандидатура претседател СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.