НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден: Русија го зголемува производството на оружје, не смееме да дозволиме НАТО да заостане

0
By Marija Todorovska on July 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјите членки на НАТО мора да ги зголемат своите производни капацитети во одбранбената индустрија за да бидат во чекор со руското производство на оружје и муниција, порача денеска американскиот претседател Џо Бајден во воденото обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет во рамки на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

– Русија значително го зголемува производството на оружје, муниција и возила со помош на Кина, Северна Кореја и Иран, не можеме да дозволиме Алијансата да заостане, рече Бајден.

Тој изрази задоволство што членките на НАТО работат на проширување на нивната индустриска база и капацитети и што се посветени на зголемување на трошоците за одбраната, што тој го оцени како „критичен чекор за одржување на безбедноста“.

– Ќе бидеме во можност побрзо да произведеме повеќе критична одбранбена опрема. И можеби ќе ни треба, рече Бајден, додавајќи новото ветување за зголемување на одбранбеното производство претставува порака до светот дека „секоја членка на НАТО е посветена да го исполни својот дел за да ја одржи Алијансата силна“.

Тој истакна дека НАТО ќе стане „поиновативен и поконкурентен“ ако членките развијат планови за домашно одбранбено производство, потенцирајќи дека неговата Администрација инвестирала 30 милијарди долари во одбранбеното производство во 35 американски сојузни држави.

Според него, лидерите на НАТО ќе се погрижат Алијансата секогаш да биде подготвена „за какви било закани со кои ќе се соочи“.

– Нема да бидеме надминати. Не може никој да не надмине кога е во прашање нашата подготвеност, додаде Бајден.

Тој оцени и дека во изминатите 75 години, земјите членки растеа и напредуваа под заштитата на НАТО.

– Денес сме посилни од кога и да сме биле досега, истакна Бајден, посочувајќи дека од неговото преземање на претседателската функција пред неполни четири години НАТО  двојно го зголеми бројот на борбени групи на своето источно крило, а Финска и Шведска и се приклучија на Алијансата.

Бајден посочи и дека последнава година бројот на членки на НАТО кои ја исполнија обврската за издвојување на средства за потребите за одбраната во висина од најмалку два отсто од нивниот БДП се зголеми од девет на 23.

– Тоа не е случајност, туку избор, додаде Бајден, заблагодарувајќи им се на земјите членки на НАТО за нивната посветеност на заедничката безбедност.

Бајден НАТО оружје Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.