НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонското новинарство – на работ на академското преживување

0
By Marija Todorovska on September 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА ТВ – Инртервју со со проф. д-р Даниела Блажевска, редовен професор по медиуми и комуникации на катедрата за новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ:

Доколку новинарството го разгледаме како професија, станува збор за мошне интерактивна, но и професија која нуди повеќе правци: економија, култура, здравство, политика, судство, забава… Што значи дека студентите имаат голем избор за тоа каде ќе се пренасочат, работа во телевизија, пишан медиум или радио. Но, очигледно е дека оваа професија звучи интересно само помеѓу овие редови не и во реалноста.

Марија Тодоровска

Кога зборуваме за поразителни бројки на нови студенти на одредени катедри, како што е долгогодишниот  проблем на катедрата за македонски јазик каде секоја година се помалку студенти се запишуваат или како што е познатиот проблем со природно математичкиот факултет, особено катедрата за физика, редно е да споменеме и за катедрата за новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Оваа година на катедрата се запишани само шест студенти. Новинарството веќе неколку генерации наназад не е најпривлечната професија на младите. Но, зошто е тоа така? 

НОВА: Од година во година се` помалку студенти се определеуваат за новинарските студии. Кои се причините?

Блажевска: Веројатно, има повеќе причини за драстичното намалување на интересот на средношколците да се запишат на студиите по новинарство. За да бидеме сигурни, потребно е да се прават истражувања на средношколци зошто не сакаат да бидат новинари или доколку сакаат, дали нешто или некој ги спречува да изберат да студираат новинарство.

НОВА: Што се случува со квалитетот на новинарските студии? 

Блажевска: Од минатата 2023/24 академска година имаме нова програма на студиите поновинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети

Кирил и Методиј“ во Скопје. Направивме големи промени во програмата. Се

надевам дека новата програма ќе привлече повеќе студенти по новинарство.

НОВА: Дали во текот на студирањето студентите по новинарство имаат можност за пракса?

Блажевска: Во изминативе неколку години имавме одлична соработка со телевизија Сител, која ги отвори вратите за практична работа за нашите студенти. Сега голем број од студентите работат таму. 

НОВА: Што се случува со студиото наменето за нив дали ќе биде достапно за употреба оваа академска година и што ќе можат во него да вежбаат студентите?

Блажевска: Изминатата година изградивме телевизиско студио. Добивме донација за набавка на опрема од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Имаме двегодишен проект со Волтер Кронкајт Школата за новинарство и масовна комуникација (Walter Cronkite School of Journalism and Mass Communication) при Државниот универзитет во Аризона (Arizona State University) во САД. Оваа година би требало да започнеме да го користиме студиото за вежби: снимање и монтирање вести, извештаи, интервјуа …

НОВА:Вашите студенти -при неформални средби со Вас, што Ви пренесуваат за амбиентот во редакциите во кои работат, колку се самостојни а колку и посредно од кој тип медиуми се изложени наразни уреднички сугестии кои се нестандардни за професијата во смисла да треба да отстапуваат од новинарските кодексни принципи за кристална објективност?

 Блажевска: Не ми се жалат студентите за амбиентот во редакциите во кои работат. Не знам како им е. 

НОВА Како денес го оценувате македонското новинарство во смисла на негова професионалност како стручна така е етичка?

Блажевска: Најголемиот проблем на новинарството во Република Северна Македонија е што не се вработуваат образовани новинари. Мислам дека образованието треба да биде првиот услов што треба да се исполни при ангажирањето на новинари во масовните медиуми (студенти по новинарство, дипломирани новинари). Во масовните медиуми има потреба од различни профили на човечки ресурси, но за сите работни места треба да се избира соодветно образован кадар.

НОВА:Во регионални рамки бар, дали македонското новинарство е со повеќе светол образ  од новинарството во регионов или се` уште целиот медиумски информативен Балкан е под стегите на на дневните политики?

Блажевска: На Балканот има многу развиени масовни медиуми. Секој медиум има своја уредувачка политика. Дневната политика е неизбежна. Но во медиумите има различни рубрики. Има по нешто за секого. 

Даниела Блажевска интервју катедра за новинарство новинарство Правен Факултет студенти УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.