Амбасадата на Норвешка во Бејрут е евакуирана откако денеска добила дојава за поставена бомба.
– Само неколку норвешки дипломати останаа во главниот град на Либан и сите од персоналот се живи и здрави, се наведува во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме и телевизијата Ал Џазира соопшти дека нејзината канцеларија е евакуирана откако добила неколку предупредувања за поставена бомба. Но, катарската телевизија не наведе повеќе детали.