Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражувачката сторија за исчезнати деца мигранти во ЕУ добитник на Наградата „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година

0
By Marija Todorovska on October 24, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2024 13:47

Брисел: Заедничката истражувачка сторија за исчезнувањето на деца мигранти без придружба во ЕУ насловена „Изгубени во Европа“ на група медиуми од Германија, Италија, Грција, Холандија, Белгија, Ирска и Велика Британија, е добитник на Новинарската награда „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година.

Сторијата открива дека во периодот меѓу 2021 и 2023 година најмалку 51.433 деца мигранти без придружба исчезнале по пристигнувањето во европските земји.

По повод доделувањето на Наградата, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола оцени дека преку работата на новинарите. кои „живеат за да ја кажуваат вистината и одбиваат да бидат замолчени“ продолжува наследството на Дафне Каруана Галиција.

– Нивната борба за правда надвладува над заканите кои се обидуваат да ја поткопаат нивната важна работа. За слободата на печатот не може да се преговара. Седум години по убиството на Дафне, ние продолжуваме да го почитуваме нејзиниот спомен со Награда која не потсетува на долгогодишната посветеност на овој Парламент кон овие фундаментални вредности, додаде Мецола.

Сторијата „Изгубени во Европа“ открива дека од 2021 година секојдневно во просек исчезнуваат речиси 47 деца мигранти откако ќе пристигнат во некоја од европските земји, вклучително и

Австрија, Германија и Италија. Според авторите, бројката на исчезнати деца мигранти можеби е поголем, бидејќи на некои земји немаат конзистентна и целосна документација за пристигнатите мигранти.

Оваа сторија се надоврзува на истоимената приказна од 2021 година во која беше посочено дека во периодот 2018 и 2020 година во Европа исчезнале над 18.000 деца мигранти.

Наградената сторије е дела на „Стандарт“, „Кнак“ и ВРТ од Белгија, „Смол Стрим Медија“ од Холандија, РББ и „Тагесхау“ од Германија, АНСА и „Домани“ од Италија, „Ефимерида тон Синтактон“ од Грција, „Џурнал“ од Ирска и британската редакција на Си-Ен-ЕН.

За овогодишната награда „Дафне Каруана Галиција“ на конкурсот што траеше помеѓу 3 мај и 31 јули, свои истражувачки стории доставија стотици новинари од 27-те земји членки на ЕУ. Од пријавените 318 стории, стручното жири избра 13 кои влегоа во потесниот избор за наградата.

Наградата беше воведена од страна на Европскиот парламент во декември 2019 година во чест на малтешка истражувачка новинарка и блогерка Дафне Каруана Галиција, која беше убиена при експлозија на автомобил-бомба во 2017 година.

Наградата се доделува на новинарски стории што ги промовираат или брани основните принципи и вредности на Европската Унија, како што се човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човечкото права. Сториите кои имаат право да конкурираат за наградата треба да биле објавени или емитувани од медиуми со седиште во една од 27-те земји членки на ЕУ. Покрај признание, таа содржи и паричната награда од 20.000 евра.

Дафне Каруана Галиција деца Европски парламент истражувачка сторија Истражувачко новинарство Мигранти награда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.